Четиринаесетгодишно момче испило еден литар водка и заврши во болница
Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2021
Шест деца завршија на Токсикологија во Загреб, а едното од нив испило литар водка.
Четиринаесетгодишно момче испило еден литар водка на прославата на последниот ден на училиште, по што завршило во болница, јавија хрватските медиуми. Тој е пренесен во болница во многу сериозна состојба.
„Вчера беа примени вкупно шест деца со интоксикација со етил алкохол. Сè е добро, четворица од нив се пуштени дома. Во тек е отпуст и нд адругите двајца“ изјави Горан Роиќ, директор на болницата за порталот ХРТ.
Тој вели дека токсиколошките наоди за дрога кај децата се негативни.