25 Април, 2024
0.0268

Четкар откри кои песни сака да ги пее Ѓорѓе Иванов

Објавено во: Стил 24 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Ѓорѓе Иванов со синот Иван и пријателот Четкар, Фото: Репортер

„Бог да бие Русе“, „Налеј, налеј, налеј“ и „Билјана платно белеше“ се староградските песни што најмногу сакале да ги пеат Претседателот на РМ, Ѓорѓе Иванов, неговиот син Иван и Владимир Четкар, открива за „Репортер“ познатиот џез-музичар.

Владимир вели дека нивните средби секогаш завршуваат со староградска музика. 

„Од ручекот во ‘Минами’ во Горно Коњско, дружењето го продолживме во хотелот ‘Белведере’, на староградска музика. Е тогаш е најзабавно, оти секогаш пееме стари македонски песни. Пеат сите. И претседателот, и јас и сите што се во наше друштво. Најмногу ги сакам ‘Бог да бие Русе’, ‘Налеј, налеј, налеј’ и ‘Билјана пла белеше’. Ние пееме, а Иван често свири“, раскажа Четкар за нивната средба.

Инаку, Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, и џез-музичарот Владимир Четкар убавото време и летните температури го искористиле за пријателски ручек во планинското село Коњско, во близината на Охрид. Им било сервирано риба и македонски специјалитети сервирани на традиционален начин. 

Четкар вели дека со претседателот разговарале за музика, за историја, за храната. Друштво им правел и синот на Ѓорѓе, Иван Иванов. 


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган