23 Април, 2024
0.0280

ЧЕТВОРИЦА ГАЗДИ ЗАРАБОТИЈА КЛУЧ НА ВРАТА ЗОШТО ИМ НАШЛЕ РАБОТНИЦИ КОИ НЕ ТРЕБАЛО ДА РАБОТАТ ВО НЕДЕЛА - Државниот инспекторат за труд ги засилува контролите

Објавено во: Економија 18 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Државниот инспекторат за труд ги засилува контролите врз газдите, особено врз оние кои не сакаат да го почитуваат законското право на работниците да одмараат во недела, откако стапија на сила законските измнени со кои недела се прогласи за неработен ден за најголемиот дел од вработените, освен оние кои мораат да работат поради природата не техничко-технолошкиот процес.

Од стартот на законското решение, за досега вкупно три недели неработен ден, направени се вкупно 126 вонредни инспекциски надзори, и изречени се повеќе опомени, додека. Четворица газди, пак, заработиле и клуч на врата за своите објекти, односно забрана за вршење на дејноста во траење од две недели.  

Вчера тројца работодавачи добија затворање, а еден минатата недела, откако кај нив трудовите инспектори затекнале работници или работник како работат спротивно на законските прописи.

За разлика од овие работодавачи, поголем број од газдите каде што биле откриени неправилности, поминале само со опомени.

Конкретно во последнава недела, или третиот по ред неработен ден откако стапија на сила законските измени, трудовите инспектори направиле 47 вонредни контроли.

„Државниот инспекторат за труд продолжи со вршење на вонредни инспекциски надзори во ден недела заради доследна примена на одредбите од Законот за работни односи и Законот за трговија.На ден 16.01.2022 година извршени се вкупно 47 вонредни инспекциски надзори на територијата на РСМ од страна на дежурните инспектори.При инспекциските надзори утврдени се неправилности кај 10 работодавачи, при што кај седум работодавачи за утврдената неправилност по различни основи е донесена инспекциска мерка опомена, а кај тројца работодавачи е изречена инспекциска мерка решение за забрана за вршење на работа согласно чл.50-а ст.3 од Законот за трговија, кога кај работодавачот работи работник во ден недела спротивно на закон“, се вели во последното известување од ДИТ, објавено на нивната веб страница.

Претходно, Државниот инспекторат за труд ги известифирмите кои согласно измените на Законот за работни односи  имат обврска да достават Известување за вршење на работа во недела, дека тоа известување се доставува до нив еднаш годишно.

Дежурните трудови инспектори контролирале и на 9 јануари, кога отишле во 43 вонредни инспекциски надзори на територијата на земјава. Тогаш утврдиле неправилности кај шест работодавачи, при што кај петмина за утврдената неправилност изрекле само опомени, бидејќи станувало збор само за тоа дека не го известиле ДИТ за работа во недела.

Додека, пак, бил ставен клуч на врата, односно решение за забрана за работа кај еден работодавач, согласно член 50-а од Законот за трговија, бидејќи кај тој газда бил затекнат работник кој работи во денот недела, што било спротивно на законот.

На првиот ден недела, пак, кој беше неработен, а тоа беше 2 јануари, Државниот инспекторат за труд извести дека извршил 36 контроли на територијата на земјава. Притоа кај девет правни субјекти биле констатирани неправилности односно не го известиле Државниот инспекторат за труд дека ќе работат, обврска која произлегува од Законот за работни односи.

Инаку, Инспекторатот уште пред стартот на годинава соопшти дека со влегувањето во сила на законските измени и дополнувања на Законот за работни односи за недела неработен ден, од 2 јануари ќе воспостави дежурства во недела по региони, на кои работниците можат да пријават доколку им се прекршени правата во врска со работата во недела.

Како што е познато, откако од стартот на годинава, со измените и дополнувањата на Законот за работни односи, се предвиде недела да биде неработен ден, Државниот инспекторат за труд воведе и дежурства.

Државниот инспекторат за труд врз основа на законот за работни односи спроведува два вида на инспекциски мерки.

Според член 258 од Законот за работни односи се изрекува опомена или наредба. Доколку не ја почитува наредбата односно опомената, се изрекува глоба. По членот 259 од Законот за работни односи, на прекршителот може да му се изрече и забрана за работа ако два пати за една година се затекне непријавен работник. Од друга страна ако се затекне работен процес без да биде пријавено дека ќе се работи во недела, ќе се изрече забрана за работа од 15, односно 30 дена.

Н.Н.Ф.

Фото: МИА

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска