ЧЕТВРТА ГОДИНА ПО РЕД „ШВАЈЦАРЕЦОТ“ Е БРОЈ ЕДЕН: Оваа компанија е најугледна во цел свет!
Објавено во: Економија 21 Април, 2019
Четврта година по ред швајцарскиот произведувач на часовници „Ролекс“ е прогласена за најугледна светска компанија
Ова станува јасно од признанието кое се доделува од 1997 година, а листата од 100 најугледни компании ја составува „Reputation Institute“ од Бостон, која нуди услуги за мерење и управување со репутацијата.
Ролекс и оваа година зад себе ги остави добро познатите компании како што се Лего, Дизни, Адидас, Мајкрософт, Сони, Канон, Мишелин, Бош и Нетфликс.
За да дојдат до овие резултати, истражувачите од „Reputation Institute“ испитале повеќе од 230 000 поединци во 15 земји во светот. Компаниите кои се разгледуваат за влез на листата обично имаат приход поголем од 50 милијарди долари годишно, присутност во сите испитани земји .
Во историјата долга повеќе од 100 години, компанијата Ролекс постојано работела на трајни подобрувања, како и на вложувања во иновации на сите нивоа.