20 Април, 2024
0.0262

Четвртото издание на изборот за “Мажи на годината” ќе се одржи на 24 Ноември во хотел Double Tree by Hilton Skopje

Објавено во: Мои пари 22 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Мажи на годината, оваа година по 4 пат ќе ги бира најуспешните мажи кај нас, мажи кои оставиле некаков белег во 2021 година. Во ноември, месецот на машкото здравје ги славиме и избираме најуспешните мажи. Мажи на годината е настан кој за прв пат се организираше во 2018 година во организација на Џентлмен Магазин и Фрајдеј Комуникации и оттогаш традиционално се одржува секоја година.

Оваа година настанот ќе се одржи во хотел Double Tree by Hilton Skopje на 24.11.2021, и ќе биде гала вечер каде ќе ги славиме најуспешните мажи кај нас за 2021 година. 

“Мажи на годината е настан кој традиционално се одржува секоја година, од 2018 па навака. Настанот има за цел да ги препознае најуспешните мажи кај нас, во 13 категории, и да промовира добри навики и позитивни вредности. Успехот на овие луѓе да биде претставен како позитивна порака пред нашата јавност и овие луѓе да бидат пример за секој еден од нас како треба да се однесуваме и да се реализираме во иднина. И оваа година која е предизвик за сите нас, и борбата со корона вирусот сеуште трае, сакаме да правиме нешто позитивно, нешто кое што ќе биде една светла точка во ова време.” – изјавија од организацијата на Мажи на годината. 

Минатата година, која беше година на пандемија и борба со корона вирусот, настанот се одржа на Македонската Радио Телевизија, а за Маж на годината беше избран нашиот најдобар фудбалер на сите времиња, Горан Пандев. За маж на годината во избор на организаторите беше избран Игор Ангеловски-Мрме, селекторот на фудбалската репрезентација, кој ни го донесе најголемиот успех и радост на спортски план, а тоа е пласманот на Европското првенство. 

Овој настан има една цел, а тоа е да ги препознае најуспешните мажи кај нас, да ги слави нивните успеси, да придонесе за негување на добри навики и да промовира позитивни пораки и вредности. 

За маж на годината во 2018 година беше избран доктор Владимир Чадиковски, во 2019 година Мислав Галер кој ја понесе и титулата за маж странец, како и Божидар Јанковски кој беше избран за Маж на годината во избор на организаторите. Во изборот се вклучени голем број докажани професионалци во својата дејност од разни области, како и целокупната јавност кои се дел од жири комисијата. На официјалниот избор за Мажи на годината ќе се избираат најуспешните 13 мажи за оваа година по 13 категории и тоа Маж на годината, Маж со трајни вредности, Маж менаџер на годината, Маж странец на годината, Млад менаџер на годината, Менаџер на годината до 40 години, Маж со најголеми достигнувања во културата, Маж со најголеми достигнувања во спортот, Маж со најголеми достигнувања за општеството, Маж со стил, Хедонист на годината, Маж на годината во избор на организаторите и Маж на годината во избор на социјалните медиуми. 

И оваа година бидете дел од оваа престижна манифестација која стана препознатлив белег на џентлмените. Заедно да ги избереме најуспешните мажи кои негуваат навики кои носат до успех, меѓусебно мотивирајќи се во правец на поместување на сопствените граници!


ПР објава

Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!