28 Март, 2024
0.0274

ЧИСТКА НА ОБРАЗОВНИОТ КАНЦЕР: Екстерното пред заборав!

Објавено во: Македонија 19 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Oбразовниот  систем со години произведува неквалитет поради погрешни законски решенија и политики кои беа произволни и експериментални.  Потребни се сериозни реформи и измени кои ќе значат неколкугодишна макотрпна работа, во сите нивоа на образование- вели за Фактор, универзитетскиот професор Петар Атанасов. 

Образованието според него како никогаш досега не паднало на дното по квалитет, вредности и знаење. Па така со години во училиштата се вработуваат кадри по партиски клуч кои ниту ја знаат ниту ја познаваат едукацијата и работата со деца,  туку се сигурна алатка за прибирање на изборни поени и сигурна   гласачка машинерија. Екстерното тестирање, вели професорот, беше смислена операција за сеење страв, контрола и казнување. Затоа треба да  стане минато.

“Екстерното тестирање беше обид за оцена на знаењето и на децата, но да се оцени и работата на наставниците. Но, се што беше направено во рамките на оваа операција во која учествуваа стотици вработени во системот на образованието, одеше во насока на контрола и казнување. Децата беа притиснати на крај на учебната година да прават непотребно дополнителни напори за меморирање на материјалот. Од ова им зависеше и просекот на крајот на годината. Затоа имаше многу стресови и фрустрации кај целото семејство. Особено беа деструктивни обидите да се дисциплинираат наставниците и да се заплашат со казни и бркање од работа. Секој наставник чии ученици имаа слаби резултати можеше да биде казнет, но и да го загуби работното место”- потенцира професорот Атанасов. 

Притисокот  врз наставниот кадар како што вели имаше девастирачко влијание на мотивацијата на наставниците и професорите. Проверка според него е потребна но за да се согледаат аномалиите и пропустите и да се делува во областите каде има слабости, а не за воведување на целосна контрола за партиски цели. 

“Решенија добија луѓе кои не би требало да бидат според своите квалитети во образовен процес. Партизацијата воспостави целосна контрола врз душите и стравовите на наставниот кадар. Истовремено, образованието се превработи и се наполни со наставници блиски до партијата на власт, со секакви незаконски критериуми измислени од локалните директори и со поддршка на партијата на власт. По формирањето на Новата влада ќе мора да се преиспита овој насилен и партиски упад во училиштата. Имаме информации за многу незаконски дејствија. Системот за евалуација што ние како победничка партија го предлагаме е редовна проверка на квалитетот на наставата во основото и во средното образование. Тоа би се спроведувало во текот на целата година (а не во јуни), барем два пати во текот на 9 годишното основно и 4 годишното средно образование. Резултатите од евалуацијата ќе бидат користени за согледување на состојбите заради преземање на активности за подобрување и на работата на наставниците, на наставата и на наставниот материјал. Без казни, без оценки и без фрустрации. Заради ова планираме создавање една нова институција Центар за обезбедување на квалитет на образованието”- додава универзитетскиот професор. 

Погрешните програми и проекти вели го доведоа образованието  на најниски гранки од 1991 година. Затоа се потребни итни законски измени кои ќе обезбедат квалитет и примена на позитивната светска пракса. 

“Сите нивоа се уништени со погрешни програми и проекти, со лоши учебници, со импровизации и со деградирање на наставниците и наставничката професија. Притоа, парите што се потрошија немаа никаков ефект. Еден од најлошите проекти е есктерното тестирање. Затоа уште пред 2 години излеговме со идеја за негово целосно укинување. Овој проект не донесе ништо добро за образовниот процес. Ќе се обидеме со законски измени во Собранието да интервенираме и да го укинеме. Ќе направиме се како победничка коалиција, оваа година да нема екстерно тестирање. Некаде тестирањата се одвиваат како завршни годишни тестови по главните тестови, а некаде како надворешна евалуација. Често се применуваат техники како број наместо име и презиме на студентот, анонимни оценувачи и евалуатори, независна контрола итн. Целта е да се провери нивото на достигнатите стандарди запишани во годишните програми. Но тоа се прави кога нешто веќе сте преземале, сте направиле промени и сакате да се измери постигнатото”- објаснува професорот Атанасов. 

Реформите  што ги презеде минатата власт смета дека доведоа до тоа на меѓународните тестирања македонските ученици да бидат безмалку последно пласирани. Тоа го покажаа резултатите од меѓународното тестирање ПИСА на кое Македонија е рангирана меѓу последните земји по знаењето   и постигнувањата на учениците.  Оттука според професорот Атанасов логична е потребата образованието веднаш да биде  ослободено од политички признаци и притисоци   за  да може да  стои на здрави нозе и во кое ќе се  дозволи  само оние што знаат да ги креираат образовните политики за развој на образованието, како столб на општеството и луѓето во него.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

АКО ПОБЕДИ СДСМ БИ РАБОТЕЛ И ЗА НИВ КАКО ЕКСПЕРТ - Стојанче Ангелов кажа дека би барал плата од 5.000 евра

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ РАБОТНИЦИ: Kaко да се издвојат од конкуренцијата?

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ПОСЛЕ МОЕ 30-ГОДИШНО ЧЛЕНСТВО КАЖУВАМ, СДСМ ТРЕБА ДА ЗАМИНЕ ВО ИСТОРИЈАТА“ - Весна Ангелова со искрен став за матичната партија

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

„ОВА ЛИ СЕ ТИЕ КОИ СЕ ЗАЛАГААТ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО И ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ“ - професорката Најчевска со критика за Меџити

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов

ПОМАЛКУ ДОКТОРИ И МАГИСТИРИ НА НАУКА, НО И СПЕЦИЈАЛИСТИ – опаѓа интересот за доусовршување, трендот не е нов