Чижов вели дека приемот на Македонија во НАТО ќе биде „грешка со последици“
Објавено во: Македонија 24 Јуни, 2018
Решението на спорот за името меѓу Атина и Скопје ќе придонесе за стабилноста, но приемот на Македонија во НАТО ќе биде „грешка со последици”, вели постојаниот руски претставник во ЕУ, Владимир Чижов во интервју за грчкиот весник „Катимерини”, пренесува Спутњик.
„Се разбира, нема да фрлиме нуклеарни бомби. Како што реков, секоја земја има право да носи одлуки и да прави сопствени грешки. Но, има грешки. Има грешки кои имаат последици”- изјавил Чижов.
Тој го коментира и Договорот за името меѓу Македонија и Грција.
Но, не сака да го коментира уставниот процес во врска со промената на името на Македонија и додава дека се надева дека спорот за името ќе се реши на билатерално ниво, без мешање однадвор.
„Според мене, ова прашање требаше одамна да се реши за да може двете земји да имаат добри соседски односи и соработка. А, за суштината на договорот, ќе видиме како ќе се развива ситуацијата, со оглед дека знаеме за реакциите во двете земји”- вели Чижов.
Русија вели не се спротивставува на проширувањето на ЕУ затоа што секоја земја право да носи свои одлуки, но има малку поинаков став за НАТО.