21 Април, 2018
0.0605

Чолиќ за „Женски Магазин“: Забавно е да си татко на тинејџерки!

Објавено во: Стил 08 Октомври, 2017

Тричасовно шоу со неговиот комплетен бенд и танчарска група им подари Здравко Чолиќ на велешани, сношти на традиционалната манифестација „Велешка питијада“. За најголемата балканска поп – ѕвезда во Велес, дојде публика од цела Македонија, што и не е големо изненадување, без оглед на честите гостувања на Чола кај нас.

Чолиќ беше единствениот кој не носеше зимско палто или јакна. И неговите колеги на сцената и фановите, беа облечени како среде зима, температурата надвор беше 6 степени. Тој е и понатаму витален да скока на бината, има добра меморија да препознава стари пријатели во публиката, да им намигне или да им мафне, а на најверните обожаветeлки кои го следат на сите концерти во регионот, да им испрати бакнеж. Токму еден од старите пријатели на Чола, војнички другар од Велес, го поканил да преспие во неговиот дом по концертот. Поради кусиот престој, Здравко и неговата екипа беа сместени во велешкиот хотел „Гардениа“.

„ Долго не сме биле овде во Велес, и жал ми е што нема да останеме подолго. Утре си заминуваме за Белград. Обично кога сум во Македонија, каде и да настапуваме, ќе прошетаме неколку дена и низ Скопје, но овој пат немаме време. Ќе дојдам повторно пред Нова година, имам договорено снимање на неколку празнични емисии“, изјави Здравко за „Женски Mагазин“ на кусата средба за време на паузата од настапот. Чола, кој е татко на две ќерки, Уна Звездана (16) и Лара (11), низ насмевка ни раскажа дека не е лесно, но и дека е забавно што е татко на тинејџерки.

Целиот текст можете да го прочитате на zenskimagazin.mk. 

Можеби ќе ве интересира

Колку ќе заработува Роналдо со новиот договор

Колку ќе заработува Роналдо со новиот договор

Чуден експеримент за откажување од цигари

Чуден експеримент за откажување од цигари

Интервју со спец. д-р Тина Темелковска: Стигмата како непотребна бариера за заштита на менталното здравје

Интервју со спец. д-р Тина Темелковска: Стигмата како непотребна бариера за заштита на менталното здравје

Во Градски парк се одбележува Европска недела на имунизација

Во Градски парк се одбележува Европска недела на имунизација

Со ова заштедија 800 години во работни часови

Со ова заштедија 800 години во работни часови

Древните лекари со масло од роза лечеле над 20 болести!

Древните лекари со масло од роза лечеле над 20 болести!

Роџер Вотерс не сака да работи за „Белите Шлемови“

Роџер Вотерс не сака да работи за „Белите Шлемови“

Само една чашка алкохол дневно може да го скрати животот

Само една чашка алкохол дневно може да го скрати животот

Идеален за мини викенд патување: Ова е најевтинитот европски град!

Идеален за мини викенд патување: Ова е најевтинитот европски град!