29 Септември, 2024
2.1430

ЧОВЕЧИШТЕ, ЛИДЕР, МОТОР НА РЕФОРМИ - најблиските соработници му се заблагодаруваат на поранешниот премиер Зоран Заев

Објавено во: Македонија 23 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Најблиските соработници на поранешниот премиер Зоран Заев се убави зборови или фотографии се простуваат од него на своите фејсбук профили. 

Неговиот досегашен близок соработник и пријател, министерот за здравство Венко Филипче, кој заминува од Владата заедно со Заев и ќе и се врати на својата матична професија, неврохирургијата, пишува дека на Заев му се заблагодарува за човечноста и дека бил моторот на промените во здравството. 

„Премиерот Зоран Заев беше моторот на промените во зравството и човекот кој ги разбра и поддржа најзначајните здравствени реформи спроведени изминатите четири години. Благодарение на поддршката која ја добивав од него, успеавме за прв пат во историјата речиси двојно да ги покачиме платите на здравствените работници, да обезбедиме квалитетна терапија за лицата со ретки болести, да го прекинеме паралелниот увоз на лекови, да обезбедиме најквалитетни инсулини и да реновираме најголем број на здравствени установи споредено со било кој друг период во минатото. Заедно реализиравме уште низа други проекти од кои придобивки денес имаат нашите граѓани, но и здравствените работници. Му благодарам на соработката, посветеноста и пред се човечноста која ја покажа при определувањето на приоритетите во Владата“, пишува Филипче.

И неговиот кумашин и генерален секретар на Владата, Мухамед Зекири, се опростува со следниве зборови. 

Човечиште!!! Благодарам за сѐ што направи за нашата земја и нашите граѓани!!!“, пишува Зекири на својот фејсбук профил.

Претседателе, ми беше чест да ја следам Вашата визија и да им служам на граѓаните и државата“, напишал еден од членовите на неговиот кабинет, Марјан Забрчанец. 

Весна Ковачевска-Трпчевска, негова долгогодишна соработничка, објави интересна фотографија за европската визија на поранешниот премиер. 

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, нема зборови, но објави заедничка фотографија со Заев.

Некои од соработниците, пак, убавите зборови ги напишаа кога Заев објави дека се повлекува од премиерската и од лидерската позиција во СДСМ.

Дел од блиските соработници, пак, не се сетија или пак едноставно не сакаа јавно да ги кажат нивните впечатоци од заминувањето на поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки