Човек се удави во поплавите во Србија
Објавено во: Балкан 06 Јуни, 2019
Првата жртва на поплавите во Србија е 60-годишник.
Tој исчезнал во вторникот вечерта, а чие тело е пронајдено денеска, објавија српските медиуми.
Луѓето последен пат го виделе човекот со трактор, а потрагата почнала веднаш по пријавата. Се вклучиле и припадници на Министерството за внатрешни работи, Секторот за вонредни ситуации, но и доброволци.
По 13 и пол часа најдено е местото каде се наоѓал тракторот, но потрагата била отежната поради калта и тињата.
Вчера повторно се барало, но условите пак ја отежнувале работата.
Потрагата е продолжена денеска во 11 часот.
Во повеќе места во Србија беше прогласена вонредна состојба поради поплавите.
фото Курир.рс