Човекот кој го удри Макрон поседувал оружје и читал книга од Хитлер
Објавено во: Свет 09 Јуни, 2021
Француската полиција го претресла домот на Демијан Тарел, човекот кој го удри претседателот Емануел Макрон.
Тарел живеел со својата мајка, а во куќата пронашле оружје, советско знаме, примерок од книгата на Хитлер, „Мојата борба" и воени игри. Тарел, судејќи по фотографиите на неговиот профил на Инстаграм, бил вљубеник во средновековната историја, а често учествувал и во симулации на витешки борби, со воен оклоп на себе. Тарел следел левичарски и десничарски Јутјуб канали, како и емисии за историски битки.