19 Април, 2024
0.0583

Човековата негрижа нема граници: умре последниот мажјак од северниот бел носорог

Објавено во: Свет 22 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Згасна животот на северниот бел носорог Судан. Носорогот Судан е роден во државата Судан, живеел во зоолошка градина во поранешната Чехословачка, а потоа е префрлен во Кенија каде што живеел со последните две женки од неговиот вид, 27-годишната Наџин и 17-годишната Фата.

Разерватот OI Pejeta Conservancy соопшти дека морало да донесат одлука во понеделникот да се изврши евтаназија на Судан, поради неговата здравствена состојба којашто сé повеќе се влошувала. Со своите 45 години овој носорог бил под постојан лекарски надзор поради неговата возраст.

„Неговата состојба во последните 24 часа драстично се влоши, не можеше да стои и многу се мачеше. Поради тоа ветеринарскиот тим одлучи да го евтанизира“, соопшти OI Pejeta Conservancy.

Кениските власти го чуваа Судан под посебен режим, со чувари, во страв од криволовците, па дури и му отстранија еден рог за да биде помалку привлечен за илегалните трговци со овој трофеј инаку на азискиот пазар сé повеќе баран материјал за дизајнирани предмети од домаќинството.

По евтаназијата на носорогот, ветеринарите земале генетски материјал од Судан, а експерите се надеваат дека ќе може да биде клониран.

Белиот северен носорог тежи до 2.400 килограми и е третото најголемо животно на африканскиот континент, по слонот и нилскиот коњ.


Можеби ќе ве интересира

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

„НУКЛЕАРНИТЕ ПОСТОЈКИ НЕ СМЕААТ ДА БИДАТ ЦЕЛ НА ВОЕНИ КОНФЛИКТИ“: предупредување од Меѓународната агенција

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“

ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ ВОЕНА ОПЕРАЦИЈА ВО ИРАН: Дали Иран ќе му одговори на Израел? „Нашиот следен одговор ќе биде брз“