19 Април, 2024
0.0309

ЧУДНИ СИМПТОМИ НА КОВИД ЗА КОИ РЕТКО СЕ ЗБОРУВА: Кај некои луѓе се појавуваат, а кај други не

Објавено во: Свет 14 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Кашлањето, треска, малаксаност и болките во телото се вообичаени знаци на Ковид. Но, покрај овие типични знаци, некои луѓе имаат и други необични симптоми на вирусот за кои и научниците сè уште не знааат многу.

Истражувачите велат дека некои „чудни“ симптоми кои се појавуваат кај некои луѓе, а кај други не.

Губење на чувството за мирис и вкус

Д-р Али Јамехдор вели дека веќе го препознаваме губењето на сетилото за мирис и вкус како вообичаен знак на инфекција со „оригиналниот“ вид на коронавирус.

Со делта инфекција, помалку се зборува за овој симптом, а бидејќи омикронот стана доминантен вид, овие симтоми речиси и да не постоат.

Некои луѓе без овие сетила останувале по неколку часа, некои со денови, а на некои не им се вратија ниту по повеќе од една година. Медицинско објаснување за ова нема, но за среќа, како што вели д-р Јахмедор, се регистрирани сè помалку случаи.

Дијареа

Д-р Мајкл Хирт од Универзитетот Харвард вели дека повеќето луѓе кои се борат со овој симптом поради ковид мислат дека се затрулее со храна или едноставно јаделе нешто што не им одговара.

Ова е толку вообичаен симптом што јавното здравство врши анализи на примероци од отпадни води за да ја следи изложеноста на вирусот, пишува EatThis.

Осип по кожата и болку во грлото

Осипот е навистина чуден симптом на Ковид. Се појавуваат на телото, главата, па дури и на прстите и изгледаат како модринки. Истовремено, многу луѓе кои се инфицираат со омикрон добиваат навистина силни болки во грлото, што не беше случај со претходните соеви. Се чини дека луѓето или имаат минимално затнат нос и чувствуваат гребење во грлото, објаснува д-р Тереза ​​Бартлет.

Тинитус

Тинитус или зуење во ушите повремено пријавуваат пациенти инфицирани со ковид или по примање на вакцината против Ковид. Тинитусот обично е знак за оштетување на внатрешното уво.

Директната врска меѓу тинитус и ковид не е потврдена, една од можностите е да е предизвикана од цитокинска бура која се јавува кај заболените од Ковид. Доколку се утврди дека постои оваа врска, пациентите кои се изложени на поголем ризик од губење на слухот (оние со дијабетес, срцеви заболувања или поради некоја друга причина изложени на ризик од губење на слухот) ќе бидат поранливи, а болеста Ковид може да ги забрза патолошките процеси.

Симптоми на устата

Според стоматологот Манси Оз, „вирусот се врзува за клетките во устата“.

На тој начин влегува во крвотокот и се шири низ телото. Ова може да резултира со симптоми кои може да ги забележите во вашата уста:

- губење на чувството за вкус

- Сува уста

- бели наслаги на јазикот

- Бојата и текстурата на јазикот се менуваат


Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН

САД со вето го блокираше полноправното членство на Палестина во ОН