18 Април, 2024
0.0257

Чулев: Функционери во СВР Велес ќе добијат кривична

Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска изјави дека пет функционери во СВР Велес ќе добијат кривична пријава. 

Одделот за внатрешна контрола, криминалистичка полиција и полициски стандарди во соработка со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција-одделение за полициски службеници подготвуваат пријава за несовесно работење на пет високи раководни службеници во СВР Велес, информираше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев при денешната посета на СВР Велес.

Чулев рече дека се работи за случај за постапување по пријава на полициски службеници во село Горно Врановци, во Општина Чашка, при кривично дело кражба при нелегална сеча на дрва.

„По доаѓањето на местото на извршување на кривичното дело,полициските службеници ги пуштаат извршителите, ги растовараат дрвата иизвршителите заедно со средствата за извршување на кривичното дело-тракторот си заминуваат“, информира Чулев.

Според него, при тоа е направена фото-докуметација и има фото албум од настанот.

Полициските службеници делото го пријавиле како пронајдени предмети, а дополнителна грешка е што тие не постапиле согласно Законот за кривична постапка  односно не го информирале ОЈО за понатамошно постапување.

Воедно, подвлече Чулев, овие полициски службеници по отворање на истрагата од страна на Одделот за внатрешна контрола давале неточни изјави во ОЈО.

Тој информира дека во текот на денот се комплетира документацијата за ова дело и во целост се работи во насоки и инструкции од страна на надлежниот јавен обвинител, по што ќе се поднесе соодветна кривична пријава во ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција до Одделението за полициски службеници, а против наведените лица ќе се иницира соодветна дисциплинска постапка.

Можеби ќе ве интересира

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше

НАЈАВЕНИТЕ ПРОГНОЗИ СЕ ОСТВАРУВААТ: Снегот пристигна и во Македонија, еве каде паѓаше

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВЧЕРА ВО КОЧАНИ: Поплавени улици во градот, возилата едвај возеа

ЕВЕ КАКО БЕШЕ ВЧЕРА ВО КОЧАНИ: Поплавени улици во градот, возилата едвај возеа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден