18 Април, 2024
0.0265

Чулев: Генералниот секретаријат на Владата го избра сместувањето во центарот на Битола

Објавено во: Македонија 28 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Наќе Чулев, министерот за внатрешни работи, по реакцијата на битолчани дека во центарот на градот се сместени повратниците од Малта во државен карантин иако во таа општина нема заболени досега, вели дека МВР не одредува во кои објекти ќе се спроведува колективен карантин.

- Хуманитарните конвоии се организации во соработка на МВР и Генералниот секретаријат на Владата. Генералниот секретаријат го одредува сместувачкиот капацитет, МВР го врши само спроводот. Тие одлучуваат кои објекти ќе се користат за карантин, рече Чулев на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Најави дека е можно во нареднот период владата да завземе став за сопствениците на домашни миленици да можат да излегуваат заради извршување на нужните потреби за време на полицискиот час и рече дека во државната управа ќе се прави дезинфекција на уредите каде што се оставаат отпечатоци после секој отисок.

= Генерално мерките се почитуваат, граѓаните се совесни и свесни, додаде Чулев, оценувајќи го однесувањето на граѓаните за време на забраната на движење и ограничувањата.

502 до сега не ја почитувале, од кои 26 се лица до 18 години. 199 лица се приведени, од кои 14 до 18 години, откако не ја почитувале забрана за движење. Има 123 кривични пријави од МВР за 158 сторители. До сега се издадени 1720 решенија за изолација, 9024 изјави за самоизолација се потпишани.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?