31 Март, 2020
0.0336

ЧУЛЕВ КОНТРА ПЕТРОВСКА - 1.129 килограми кокаин од Колумбија навистина требаше да заврши кај нас

Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2020

Не се точни обвинувањата од дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи, тврди денеска техничкиот министер Наќе Чулев, откако вчера Петровска рече дека Чулев добил предупредување од италијанските власти дека издавањето информации во јавноста за акција што е во тек, е крајно несоодветно.

„Во однос на лажните обвинувања и спинувања за наводно мое попречување на истрагата ја информирам јавноста дека истите се целосно неточни. Имено, во координација со италијанските партнери и надлежен македонски јавен обвинител на мојата прес конференција, и покрај инсистирањето на медиумите, информациите кои јас ги објавив, беа строго селектирани, целосни и точни. Ниту еднаш во моето обраќање на споменав количина, контролиран транспорт и имиња на конкретни држави“, пишува денеска Чулев.

Веројатно, вели тој, изнервирани од фактот дека медиумскиот ексклузивитет го граделе врз основа на неточни и непроверени информации, моите политички противници се обидоа тој гаф да го сокријат со евентуални забелешки дека со мојот прес сум ја попречил истрагата. Притоа, со оглед дека меѓународната операција е комплетирана, потврдувам дека 1.129 кг кокаин од Колумбија беа наменети со крајна дестинација во нашата држава, а дека 1 кг кој беше фатен кај нас, беше дел од контролиран транспорт.

„Активностите на МВР во координација со ОЈО продолжуваат и понатаму во насока на идентификување и на други правни субјекти и физички лица инволвирани во наведените криминални активности.

Во оваа прилика сакам да изразам огромна благодарност до нашите италијански партнери, но и до партнерите од Регионот и пришадниците на МВР, ОЈО и Царина без кои немаше да се реализира оваа значајна акција против кокаинската мафија“, вели Чулев.

А Петровска вчера рече дека тој, со предвремено објавување информации за акцијата во Крушопек, ја загрозил целата меѓународна акција.

„Со издавањето информации однапред и соопштувањето дека станува збор за огромна акција, од страна на министерот Чулев, се информирани и структури кои не треба да бидат информирани во тој момент, дека во нашата земја се одвива акцијата“, рече Петровска, откривајќи дека целата акција била предводена од Обвинителството на Италија.

Можеби ќе ве интересира

На Клиниката за гинекологија во Скопје една родилка позитивна на Ковид 19

На Клиниката за гинекологија во Скопје една родилка позитивна на Ковид 19

Чулев не присуствувал на Советот за безбедност поради исцрпеност

Чулев не присуствувал на Советот за безбедност поради исцрпеност

Спасовски: Нови мерки на ограничувања ако не се почитуваат сегашните

Спасовски: Нови мерки на ограничувања ако не се почитуваат сегашните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Презентиран сетот економски мерки, а од коронавирусот починаа уште две лица

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Презентиран сетот економски мерки, а од коронавирусот починаа уште две лица

Пензионер починал во самоизолација во Битола

Пензионер починал во самоизолација во Битола

Емил Димитриев: Полската болница ја обезбедивме ние во 2012

Емил Димитриев: Полската болница ја обезбедивме ние во 2012

Пендаровски: Не постои светски експерт кој може да каже кога ќе биде пикот

Пендаровски: Не постои светски експерт кој може да каже кога ќе биде пикот

Пендаровски: Ни претстои тежок период и треба да се намалат штетите по економијата

Пендаровски: Ни претстои тежок период и треба да се намалат штетите по економијата

ФИЛИПЧЕ БУДНО ЈА СЛЕДИ СОСТОЈБАТА: Ќе има ли карантин и за Куманово?

ФИЛИПЧЕ БУДНО ЈА СЛЕДИ СОСТОЈБАТА: Ќе има ли карантин и за Куманово?