24 Април, 2024
0.0312

Чулев: Се идентификуваат и се бараат купувачите од продавницата во Чаир

Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Наќе Чулев, техничкиот министер за внатрешни работи, како гостин во денешната утринска програма на ТВ Алфа рече дека се идентификуваат граѓаните кои купуваа во фамозната продавница во Чаир за време на 80-ласовниот карантин во Скопје, а кои беа снимени од камерата на ТВ Телма додека полициски службеници само немо присуствуваа покрај трговскиот објект.

- Ако во моментот сме имале пропуст, потоа се врши идентификација на лицата со видео-записите и се постапува веднаш наредниот ден, се врши идентификација на лицата кои што имале одредени групирања или други прекршувања на забраната за движење и им се поднесуваат соодветни пријави. Најголем дел од случаите се завршени веќе а во конкретниот случај е покрената и дисциплинска постапка за полициските службеници, рече Чулев во претпладневната програма.

Министерот додаде дека бил единствениот што на последната владина седница гласал против  уредбата со која се даваат насоки да продолжат процесите за изборните активности од денот на завршувањето на вонредната состојба за тоа што, меѓудругото, смета дека полицијата нема време да се подготви на посебните услови под кои треба да се организираат.

- Првата причина е легислативна, со уредба се дерогира Изборен законик кој е донесен со консензус од страна на собранието. Истовремено не е Владата таа која треба да го одреди датумот на одржувањето на изборите, туку тоа го прави претседателот на Собранието. Настрана од тоа, сите одлуки, со оглед на тоа дека имаме епидемија на корона вирусот, треба да се носат консензуално. Македонија во моментов се наоѓа во сериозна здравствена и еконосмка криза. Мора сите политички капацитети да се обединат. Консензуалните одлуки треба да се носат затоа што тоа го бара и Европската комисија, која сака клучните одлуки да се носат инклузивно, наведе Чулев.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

УШТЕ ПЕТ НОВИ СЛУЧАИ СО СЛИКАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ - МВР со детали инцидентите на изборниот ден

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

Силувана малолетничка од Скопје, случајот во полиција го пријавил дедото

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ДО ДИК ДОСТAВЕНИ 233 ПРИГОВОРИ - до 15 часот излезеноста на изборите е 35,89 проценти

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ПОПОСКИ НАЈАВУВА НОВИ ВРНЕЖИ: дожд низ пониските места, снег на планините, еве ги деталите

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

ДИК: Најголема излезност е забележана во Новаци 42,87 отсто, а најмала е излезноста во Врапчиште 10,18 отсто

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БАЈРАМИ: Во Бучим гласач го покажал ливчето на набљудувач пред да го пушти во кутијата

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

БОЈМАЦАЛИЕВ: Не се забележани поголеми нарушувања или инциденти

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

МВР: Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: Гласале 12,78 отсто или 229.417 избирачи