29 Март, 2024
0.0250

Чувствуваат ли граѓаните дека невработеноста се „топи“

Објавено во: Економија 16 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Повторно се намали невработеноста во Македонија, покажуваат податоците кои ги објави Државниот завод за статистика месецов.

Се работи за нијанса во однос на претходниот квартал. Според податоците на Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2019 година, имало 168.180 лица кои се невработени.

Стапката на невработеност изнесува 17.5 проценти. Во првиот квартал годинава невработеноста беше 17.8 проценти, односно без работи беа 171.329 луѓе.

20.7 проценти беше невработеноста во 2018 година. Статистички невработени има сè помалку, но граѓаните се со поделени мислења за тоа дали невработеноста се намалува.

„Јас како жител на Свети Николе не чувствувам дека нешто е сменето и дека има повеќе работа. Во мојот град нема работа, а нема ни народ. Сите бегаат првенствено за Германија, а потоа и за Италија, Швајцарија и други земји. Млад човек овде нема да најде работа, но и да најде со таа плата нема да опстане, ништо нема да направи затоа што цените се астрономски, ако цената на месото е иста како во Германија, а таму се заработуваат по 2.000 евра плата, овде 200 евра, направете споредба. Бројките покажуваат намалена невработеност, но дали луѓето се иселуваат, а при тоа веќе не се на евиденција на невработени и затоа доаѓаме во таква ситуација навистина не знам“, вели Катерина Николова од Свети Николе.

Така е на истокот, но и на западот од земјата не е лесно да се најде работа.

„Во Гостивар може да се  најде работа по бутици, колонијали, во трговскиот сектор претежно. Тој што сака да работи ќе најде работа, но во приватниот сектор. Не верувам дека невработеноста реално се намалила, туку народот се намалува“, вели Душанка Т. од Гостивар.

Од она што јас го забележувам, во Битола и порано и сега е тешко да се најде работа, вели сопственичка на дуќан.

„За младите нема многу избор, освен да бараат работа во Кромберг и Шуберт. Статистички можеби е намалена невработеноста, но во реалноста јас такво нешто не забележувам и тешко е во Битола да се најде работа“, додава оваа битолчанка.

Премиерот Зоран Заев во август на својот профил на Фејсбук објави дека за две години во земјава има нови 49.552 вработувања.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат