Ципрас конечно стави вратоврска - има ли причина да слави?
Објавено во: Балкан 22 Јуни, 2018
Премиерот на Грција, Алексис Ципрас го исполни ветувањето и за прв пат стави вратоврска.
Пред неколку години тој најави дека вратоврска ќе стави само доколку и кога ќе се најде
решение за грчкиот долг и земјата ќе излезе од кризата. Македонскиот премиер Зоран Заев на потпишувањето на договорот за името во
Преспа му подари вратоврска.
По постигнатиот договор за грчкиот долг Ципрас е задоволен.
Ципрас вети дека ќе остане на договорените реформи и буџетските цели.
Тој ова го изјави откако меѓународните кредитори ги усогласија мерките за ублажување на условите на отплата на дел од огромниот грчки долг.
Договорените мерки, според него, придонесуваат на одржливоста на грчкиот долг, ги надминуваат пазарните очекувања и претставуваат враќање на „моралниот долг“ на грчкиот народ за неговото повеќегодишно патење за време на финансиската криза.
Скоро три милијарди евра од камати во изминатите 8 години од Грција дошле во касата на Германија, од заемите за спасување на таа земја од финансиската должничка криза.