Ципрас: Напредок има, но сé уште нема решение во разговорите за името со ФИРОМ
Објавено во: Балкан 17 Мај, 2018
Грција и поранешната југословенска Република Македонија (ФИРОМ) постигнаа напредок во тековните разговори за името, но тие "не се во позиција да разговараат за договор", рече грчкиот премиер Алексис Ципрас, пренесе денеска Катимерини.
Грчкиот премиер разговараше со новинарите на самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, по разговорите со овој колега од Скопје, Зоран Заев, кој претходно рече дека двајцата лидери "разговарале за едно конкретно решение за спорот за името што може да биде прифатливо за двете страни."
Ципрас рече дека одат чекор по чекор.