Ципрас: Наскоро ќе ни судат грчкиот народ и историјата
Објавено во: Балкан 08 Февруари, 2019
На сите нас ќе ни судат народот и историјата, изјави грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во Парламентот, oткако помина ратификацијата на Протоколот за НАТО за нашата земја.
Вели дека ја исполниле својата патриотска должност, во услови на закани и уцени.
„Но, наскоро ќе ни судат грчкиот народ и историјата, а главно наредните генерации“, изјави тој.
Ципрас вели дека е горд на пратениците кои гласаа денеска за ратификување на Протоколот.
Грчкиот премиер уште еднаш ѝ посакам добредојде на Северна Македонија пријателска земја која треба да биде поддршка, а не противник во напорите за безбедност, и стабилност.
Ципрас, ги отфрли повиците на лидерот на Нова демократиа за одржување предвремени избори, велејќи му на Киријакос Мицотакис дека очекувањата на неговата партија нема да бидат исполнети.
Грчките пратеници попладнево го изгласаа со 153 гласа Протоколот за македoнското членство во Алијансата.
Во грчкиот Парламент 140 пратеници гласаа против, а еден беше воздржан.