23 Април, 2024
0.0261

ЦИПРАС НЕ БРЗА: Со копии и последниот граѓанин ќе го информира за Договорот од Преспа

Објавено во: Балкан 17 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Владата во Грција нема да брза, и  прави десетина илјади копии од Договорот од Преспа за граѓаните.

Тој ќе биде објавен и во неделното издание на весниците.

Целта е граѓаните да се информираат што содржи Договорот. 

Владата соопшти дека планира да го информира и последниот грчки граѓанин за аспектите од договореното. Велат дека не сакаат да го ратификуваат Договорот од Преспа кришум, и дека мора граѓаните да бидат запознаени со овој договор кој е важен за регионот. 

„Сметаме дека е важно да се одржи ТВ дуел со лидерот на опозицијата; неделните изданија на весниците ќе го објават целиот текст од договорот, се дел од следните чекори на грчката Влада во пресрет на ратификацијата на Договорот од Преспа“, се вели во соопштението од кабинетот на Ципрас.

Во согласност со Уставот на Грција, Договорот од Преспа не мора да биде изгласан со мнозинство од пратениците за да стапи на сила, но како што објасни претседателот на Сообранието, Никос Вуцис, тој треба да биде изгласан од 151 пратеник. 

Грчкиот парламент синоќа изгласа доверба на владата на Ципрас. Се очекува наскоро во Грција Договорот да биде ратификуван. Партијата Река одржува состанок за да одлучи како ќе гласа за Договорот од Преспа. 

Резултатите од една неoдамнешна анкета, покажаа дека 70 проценти од испитаниците се изјасниле против овој договор.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ПРЕД ДА ЗАМИНЕТЕ НА ПАТУВАЊЕ: Колку е патарината во Србија и земјите од регионот?

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа

МНОГУ НАШИ НА ПЕЧАЛБА ВО ХРВАТСКА: Еве кои права ви следуваат и дали смеат газдите да ве тераат на прекувремена работа

КУЌА НА КРИТ ЗА САМО 60 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во грчки стил, пространа и е со тераса на покривот

КУЌА НА КРИТ ЗА САМО 60 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во грчки стил, пространа и е со тераса на покривот