ШПЕКУЛАЦИИТЕ ОТФРЛЕНИ: Ципрас демантира дека ќе има вонредни избори во Грција
Објавено во: Балкан 16 Април, 2019
Отфрлени се шпекулациите за вонредни избори во соседна Грција.
Ова станува јасно од последната изјава на грчкиот премиер Алексис Ципрас кој што рече дека парламентарни избори во таа земја ќе има кога што е планирано односно во октомври.
Грчкиот премиер ги отфрлил предлозите за предвремени
парламентарни избори, кои според некои беа политички корисни.
Тој во интервју за ТВ Антена истакнал дека тоа е поради што се "навикнати од губење на референдум, но на победа во гласачката кутија", посочувајќи дека обичното излегување на гласање е стратешки избор, кој нема да се промени, бидејќи тоа го означува враќањето на Грција во нормала.
Коментирајќи во врска со Договорот за Преспа, Ципрас кажал дека тоа било добра можност да го решат спорот по 30 години, и покрај, политичките трошоци, и дека неговите претходници би го направиле истото ако тие биле во слични околности, додавајќи дека одредбите на Договорот од Преспа го постигнале најдобриот можен исход за Грција.