Ципрас: Се е можно ако СИРИЗА загуби в недела
Објавено во: Балкан 24 Мај, 2019
Грчкиот премиер Алексис Ципрас утрово потврди можно сценарио на предвремени параментарни избори во јуни во Грција во утринското интервју за ЕРТ.
"Ако не ја добијам доверба, тогаш сè е отворено", рече Ципрас пред европските избори за кои се гласа во Грција в недела.
Доколку опозицијата добие повеќе гласови од власта в недела, тоа би значело евентуално и предвремени параментарни избори кои инаку редовно требаше да се одржат на есен.
"Во неделата не гласаме за влада, но очигледно ќе биде избор што ќе го следи Грција во следните години. Многу е важно и да го спречиме Манфред Вебер да не стане претседател на Европската комисија и секој процент за СИРИЗА е важен во таа битка“, наведе Ципрас.