23 Април, 2024
0.0246

Ципрас со поддршка за Бутарис, а тој бара да се најдат виновниците за нападот

Објавено во: Балкан 25 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Тоа што не те убива те прави посилен, му рече грчкиот премиер, Aлексис Ципрас на солунскиот градоначалник на почетокот на нивната средба во Солун, во врска со нападот врз Јанис Бутарис минатата сабота.

Тие по средбата, рекоа дека не станува збор за случаен, туку организиран инцидент, а грчкиот премиер го карактеризираше како „убиствен напад“.

„Градоначалникот на Солун немаше ништо од претходно со луѓето што го нападнаа. Не беше прв пат на манифестацијата во чест на пондијскиот хеленизам, секоја година присуствува“- вели Ципрас. 

Тој  ја изрази неговата поддршка за Бутарис за „убиствениот напад од организирани сили од радикалната десница“.

Бутарис му се заблагодари на грчкиот премиер за поддршката и кажа дека она што го помина минатиот викенд не беше случајно.

„Јасно е дека беше организирано, Не знам која им беше крајната цел. Но, она што знам е дека нема да оставиме да помине така. Трите „војничиња“ што беа казнети со затвор се само “играчки“. Она што е важно е да стигнеме до коренот, да видиме од каде почнува“- рече Бутарис. 

Тој  додаде дека Солун треба да стане пример за демократски град.

Солунскиот градоначалник во саботата за време на одбележувањето на годишнината од геноцидот на пондијските Грци најпрво вербално нарекувајќи го „предавник“, а потоа и физички со пластични шишиња беше нападнат од група граѓани во центарот на Солун.

По нападот медиумите пишуваа дека причина за нападот се и ставовите на Бутарис за Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?