Ципрас вели дека ако не бил Договорот од Преспа на север би имале сојузник на Ердоган

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2021
Eкс грчкиот премиер, Алексис Ципрас кој го потпиша Договорот од Преспа, смета дека тој има многу бенефити за Грција.
Според него ако Владата на СИРИЗА тогаш отстапеше пред притисоците на сегашниот премиер Кирјакос Мицотакис и радикалната десница и ако немаше сериозност, па дури и храброст да ја прифати политичката и партиската цена, денес на северната граница наместо пријател, ќе имале непријател и веројатно уште еден сојузник на Турција на Реџеп Таип Ердоган, како што е Либија.
„И се подразбира што ова би значело во услови на опасна ескалација на турската провокација“, изјави Ципрас.
Тој на расправата во грчкиот Парламент за законот за проширување на територијалните води во Јонското Море, говорејќи за надворешната политика на земјата, се осврна и на Договорот од Преспа и упати критики до грчкиот премиер Мицотакис за позицијата што тој и неговата партија ја имаа кога беа опозиција и сега како Влада, јави дописничката на МИА од Атина. Ципрас го потсети Мицотакис „со каква леснотија аплаудираа“ за време на расправата за ратификација на Договорот од Преспа пред две години, на изјавата на тогашниот пратеник од Нова демократија, а сега министер за внатрешни работи Макис Воридис, кога „ја нарекуваше Владата на СИРИЗА – Влада на национално предавство“.
Договорот од Преспа е потпишан во јуни 2018 година во Нивици.
Можеби ќе ве интересира
ВМРО-ДПМНЕ: Намалена казната на Мијалков за да не падне владата

Д-р. Исјановски за Фактор: 3.000-те дози од Спутник V безбедно се чуваат во поликлиниката „Јане Сандански“, имунизацијата стартува во среда
Фотографии од запленетиот хашиш: Бил наменет за Турција

ПРЕДЛОГ ИМА-ПОЛИЦИСКИ ЧАС ОД 22 ДО 05 ЧАСОТ: Комисијата за заразни болести ќе каже од кој ден ќе почне и до кога ќе трае

Гаши за БГНЕС: Требаше вие први да ни доставите вакцини, а не Вучиќ

Од МВР до Паркот Жена Борец: Жените ќе маршираат и за расчистување на „Јавна соба“

Спасовски за 8 Март: Ќе се формира посебна полициска единица против родово насилство

Прашавме Македонци, Албанци, Роми што мислат за вработување во приватен сектор по етнички клуч?
