Ципрас ветува дека Грција ќе престане да троши толку многу пари
Објавено во: Балкан 23 Април, 2018
Грција ќе излезе од програмата за заеми без отворање превентивна кредитна линија, соопшто премиерот Алексис Ципрас.
Тој исто така најави дека Атина повеќе нема прекумерно да троши како пред избивањето на должничката криза.
Грција сега е во третиот режим на заем од 2010 година, а таа програма завршува на 20 август.
Атина се надева дека до тогаш ќе оствари целосен пристап до пазарот и ќе добие слобода самостојно да ја води економската политика по осум години под надзор на Европската Унија (еврозоната) и Меѓународниот монетарен фонд.
Некои европски лидери се загрижени дека грчките политичари можат да бидат под притисок повторно да почнат засилено да трошат.
Кредиторите од еврозоната сега за Грција подготвуваат понуда за растоварување на грчкиот долг, но тоа треба да се изведе така што Атина да не се откаже од реформите и да продолжи да спроведува мудра фискална политика, изјави минатата недела функционер на ЕУ.
Грција треба на средбата на министрите за финансии на еврозоната неделава официјално да го предаде нацртот на економската политика која планира да ја спроведува кога ќе измине периодот на заеми.
Ципрас се надева дека преговорите за тоа ќе бидат звршени до крајот на јуни.