ЦИРКУС НА ВЕКОТ: Балканци печеле јагниња во парк среде Берлин
Објавено во: Балкан 08 Мај, 2018
Босански Срби испекле 12 јагниња среде парк во Берлин, а ражните, како што објави полицијата, биле приклучени на акумулаторите од автомобилите.
Јагнињата ги испекле група луѓе од БиХ, пишува Дер Тагешпигел.
„Никој не сакаше да преземе одговорност“ – изјавила полицијата, која ги повикала пожарникарите поради жарот на земјата.
„Скоро 150 луѓе лежеа на ливадата, децата трчаа околу врелиот жар на тревата. Дванаесет јагниња се вртеа на ражни, кои беа придвижувани од батерија од акумулаторот. Кога ги прашавме што прават – кажаа дека слават Велигден, како и секоја година“, објави германската полиција на Фејсбук.
Од полицијата додале дека печењето на ражен во тој парк е дозволено, но не и начинот на кој тоа го направиле главните актери на оваа приказна, бидејќи со неодговорното однесување ризикувале да предизвикаат пожар.