24 Април, 2024
0.0270

Citroën освои награда за најдобар штанд на саемот за автомобили во Женева

Објавено во: Мои пари 18 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Штандот на Citroën ја освои Наградата за креативност, за најдобар штанд на „Саемот за автомобили во Женева 2019“. Штандот на француската марка беше во знакот на прославата на 100 години постоење, 100 години храброст и иновативност посветени на слободата на движење .

Секоја година уште од 2004, жирито составено од клубот на професионалци од полето на маркетинг и комуникации од Женеванаградуваат една автомобилска марка која го прикажала својот изложбен простор во најдобро светло, одговарајќи притоа максимално на сите критериуми.

Годинава, Citroën ја освои 16-тата Награда за креативност со “La Maison Citroën” (Куќата на Citroën) на „Интернационалниот саем за автомобили во Женева 2019“. Жирито особено го ценеше начинот на кој беа потенцирани историјата и иднината на марката, воедно задржувајќи ја пристапноста до до клиентите  и квалитетот на услуга.

На штандот „La Maison Citroën“, Citroën ги претстави:

  • Своето наследство преку три легендарни модели во боите на стогодишнината: Type A, Traction и 2 CV.
  • Својата динамика: преку новата колекционерска серија "Origins"и предводникот C5 Aircross SUV, светската премиера на SpaceTourer The Citroënist Concept, како и моделот C3 WRC кој ја донесе 100-тата победа на релито во Монте Карло.
  • Својата визија за иднината: преку светската премиера на Ami One Concept: целосно електричен двосед.

„La Maison Citroën“ е спектакуларен штанд, над 1000m2 за откривање, кој ги комбинира дизајнот и комфорот, кој е динамичен, пријатен и воедно дигитален. Простор кој блика со уникатна архитектура и нуди повеќе пати на ден перформанси од примерот на “Place to C” и се претвора во игралиште за Ami One Concept, кој се движи на лице место. Штанд кој го внесува посетителот во светот на Citroën од денешнината со “La Maison Citroën” и го носи кон иднината со “Le Comptoir Ami One”, простор кој нуди уникатно искуство на посетителите со дигитална симулација, како и вистинско, лесно употребливо и интуитивно автоматско превозно средство.


Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Силк Роуд банка добитник на признание за промовирање на првата Visa Platinum Business кредитна картичка за правни лица на финансискиот пазар

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот

Инграм Микро: За ИТ професионалците денес е задолжително да инвестираат во својата експертиза и вештини со цел да останат конкурентни на пазарот