Добивај вести на Viber
Најголемиот кинески производител на нафта и гас, „Петро Чајна“, во првото полугодие, го зголеми нето профитот за 5,6 отсто. Профитот на компанијата скокна на 65,5 милијарди јуани (10,7 милијарди долари) или 0,36 јуани по акција.
Во истиот период лани, компанијата остварила профит од 62 милијарди јуани или 0,34 јуани по акција, што е нешто помалку отколку што очекуваа аналитичарите, пренесува Finmarket.ru.
Приходите на „Петро Чајна“ во првите шест месеци се зголемени за 5,2% на годишно ниво и достигнаа 1.100 милијарди јуани. Компанијата остварила еднократен приход од продажба на 50 отсто акции во заедничко претпријатие кое се занимава со цевководи. Cумата не е наведена.
Покрај тоа, „Петро Чајна“ во првото полугодие го зголемила и производството на нафта и гас за 4,4 % на 697,2 милиони барели нафтен еквивалент, иако просечната продажна цена паднала за 6,9% на 100,49 долари за барел.
Губитокот на компанијата од преработка на нафта е намален на 7,8 милијарди јуани, во однос н 23,3 милијарди јуани во првите шест месеци од минатата година.