25 Април, 2024
0.0290

Comtrade System Integration Adriatic сега е Microsoft Licensing Solution Partner во Северна Македонија и Косово

Објавено во: Мои пари 22 Април, 2019

Добивај вести на Viber

Comtrade System Integration Adriatic денес објави дека потпиша партнерски договор со Microsoft за да стане Microsoft Licensing Solution Provider (LSP) во Северна Македонија и Косово.Компанијата се квалификуваше за овој статус врз основа на своите резултати во иновации, инженерски ресурси и деловна извонредност во испораката на Microsoft облак решенија во Јадранскиот регион. Comtrade System Integration Adriatic сега има статус на LSP во Словенија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, СевернаМакедонија и Косово.


Comtrade System Integration Adriaticсега може да им понуди комплетно портфолио на Microsoft облак услуги на своите клиенти во Северна Македонија и Косово. Покрај понудите за Microsoft, Comtrade System Integration Adriatic има воспоставено Adriatic Microsoft Competence Center кој ќе ги промовира најдобрите практики и ќе им обезбеди на клиентите знаења за тоа како најдобро да ги искористат решенијата на Microsoft во доменот на машинско учење, AI, предвидлива аналитика и дигитални работни места.

Иднината на бизнисот лежи во усвојувањето и искористувањето на дигиталните технологии. Тимовите на Comtrade SI, создадени од Microsoft сертифицирани професионалци, работат со партнери и клиенти низ целиот свет за да ги донесат најновите иновации во облакот, анализата на големи бази на податоци, безбедноста, хибридните Cloud средини, алатките за деловна соработка и други Microsoft технологии.

Овој статус е клучен чекор во мисијата на компанијата да ги поттикне бизнисите во регионот да соработуваат подобро, да нудат подобри услуги за клиентите и да освојат нови можности со примена на Microsoft Cloud технологијата за дигитална трансформација.

„Microsoft е и секогаш ќе биде организација која е заснована на својот екосистем со партнери од светски ранг. Обезбедувањето на поддршка за нашите клиенти од страна на мрежата на експерти кои нудат решенија кои помагаат во напредокот на дигитализацијата на бизнисот,  е стратешки приоритет во кој сме длабоко вложени", рече Љупчо Георгиев, генерален директор, Microsoft Северна Македонија и Косово.

Comtrade System Integration Adriatic формираше посветен тим на професионалци кои ќе се фокусираат на донесување на нови бизнис искуства за клиентите во Босна и Херцеговина, во индустриите како што се банкарство, осигурување, телекомуникации, здравство, енергетика и комунални услуги и јавен сектор. Тим на Microsoft експерти од целиот Јадрански регион е подготвен да ја поддржи новата операција.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет