28 Март, 2024
0.0247

COTRUGLI виртуелно предавање: „Leading behind the Mask“

Објавено во: Мои пари 23 Март, 2020

Добивај вести на Viber

COTRUGLI бизнис школата организира онлајн предавање„Leading behind the Mask“, на 2 април, 2020 годинакое ќе го води професорот Николас Кфури.

Во време на ризик од пандемија, климатски промени, нови технологии, глобализација, се нарушуваат изворите на мир и авторитет кои со векови не водеа. Која е улогата на лидерот во овој контекст? Со кои специфични вештини и алатки менаџерите би требало да управуваат? Не постои едногласен одговор на тоа прашање, но затоа постојат одредени пракси кои можат да ни помогнат да го воочиме спектарот на потенцијални можности!

За кои алатки точно станува збор, ќе дознаеме на самото предавање„Leading behind the Mask“кое ќе го води професорот Николас Кфури, еден од водечките експерти во областа на стратегијата и маркетингот, како и еден од најдобро оценетите предавачи на програмите на COTRUGLI бизнис школата.

Рокот за пријавување е 31 март. За повеќе информации и пријава кликнете ОВДЕ.

Најсигурна инвестиција

Вложувањето во деловна едукација е од пресудна важност, посебно во време на кризни периоди – тоа е една од најсигурните инвестиции кои можете да ги направите. Меѓутоа, од клучна важност е да се избере вистинската школа која ќе ви овозможи едукација. Треба да го имате на ум квалитетот на предавачот, практичноста и применливоста на програмата, атрактивноста на деловните подрачја кои предавањата ги покриваат, отворените можности и квалитет на вмрежување со колеги од регионот.

Зошто да ја изберете COTRUGLI бизнис школата?

За успех е потребно да поседувате релевантно знаење, да имате конкурентна диплома и да бидете опкружени со вистинските луѓе, а токму тоа COTRUGLI бизнис школата им го нуди на своите учесници.

COTRUGLI бизнис школата  собира 2200 алумни, програмите се меѓународно акредитирани од страна на Здружението на МБА (AMBA). Признанието од страна на МБА на учесниците им гарантира препознатливост и конкурентност на дипломата, квалитет на предавачи, искуство и релевантност на учесниците, како и дополнителни активности кои поддржуваат вмрежување меѓу учесниците.

Искуства на COTRUGLI алумните:

-Предностите се поделени во две категории: структурално знаење и размена на искуства со 50-60 професионалци кои можете да ги нарекувате пријатели до крајот на програмата, вели Васил Гоцевски, Директор на SeavusGroup.

„Со ЕМБА програмата на Cotrugli, го проширив и му дадов структура на моето претходно знаење и искуство. Вмрежувањето не се сведува само на „проширување на професионалната мрежа”, туку воспоставив вредни релации и пријателства. О, да… и многу забава… Целата комбинација доведе до зголемување на самодовербата и секако беше извор на нови можности. И ова е само почеток!“, раскажува Игор Николовски, генерален директор на Symphony.is, Скопје.

„COTRUGLI е неверојатно искуство! Ми овозможи контакт со одлични, светски познати предавачи и студенти, деловни луѓе од регионот што ги прошири моите погледи. Научив да прифаќам предизвици, да бидам инспириран и да ги инспирирам другите, да верувам и остварам, да бидам желен за нови знаења и секој ден тежнеам да направам разлика. Да бидам фокусиран на решение, да градам и негувам мрежа на контакти, да го најдам во себе она што ме придвижува, да ја пронајдам својата страст и да ја следам, вели Иван Милутиновиќ, менаџер за услуги за Италија и Југоисточен Медитеран во Ериксон.

Иван Коен, Director Legal and Compliance, International at Merck & Co пак споделува:

„COTRUGLIбизнис школата ми пружи нови знаења и увиди во области кои порано не ги познавав. Новите вештини ме трансформираа во личност која не е само експерт во својата област туку “allaround” личност која може активно да учествува во деловни дискусии и да даде допринос кој не е поврзан само за правото и регулативата. Моите соработници и претпоставени и тоа како ја забележаа оваа трансформација, а сум уште на бизнис програма.


Можеби ќе ве интересира

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

Мобилната вештачка интелигенција Galaxy AI ќе биде достапна на избрани модели на уредите на Galaxy

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!

dm дрогерие маркт ја продолжува својата експанзија: Се отвора нова дрогерија во „Cevahir Mall“ во Скопје!