19 Април, 2024
0.0277

Creative Hub ја претстави Македонија на Самитот Forbes во Израел

Објавено во: Мои пари 11 Мај, 2018

Добивај вести на Viber

Основачот на бизнис центарот за неформално образование Creative Hub од Скопје, Аријана Коскарова беше поканета од Forbes на глобалниот самит во Израел кој се оддржа од 6 до 10 мај.

На глобалната конференција присуствуваа над 750 претприемачи од светот, од 25 категории кои застапуваа 35 земји. Македонија беше претставена со иновативната компанија за неформално образование, Creative Hub, а честа беше уште поголема кога директорот и организатор на проектот “Forbes 30 Under 30”, Рендал Лејн ја спомена Македонија два пати во најавата.

Конференцијата започна со гламурозно отворање на Берзата во Тел Авив, заедно со најпознатиот модел и денес претприемач на Бар Рафаели и сите жени учеснички на самитот. Низ 4 дена, конференцијата се одвиваше на 8 различни локации и тоа Старата Железничка Станица (каде присуствуваа и бројни познати личности како тркратниот Греми победник Кевин Олусола, НБА шампионот Андре Студмире кои беа во улога на претприемачи), продолжи на израелската плажа Гордо каде учесниците имаа можност низ триминутен pitch да ги претстават своите компании на познати инвеститорски компании. По тридневна интензивна програма во Тел Авив, учесниците патуваа до Ерусалим на историска тура низ светиот град, а вечерта заврши со претворање на пазарот Јехуда во целовечерен отворен клуб до раните утрински часови. Последниот ден, организаторот во соработка со JVP (најголемиот инкубатор и инвеститор во Израел) организираше ден каде сите учесници беа поделени во групи и имаа задача да работат заедно со еден стартап од инкубаторот и потоа во негово име да го претстават неговиот бренд пред судиите од Forbes. И во стил на еден настан каков што само Forbes може да направи, настанот заврши со Бедуинска забава во пустината до раните утрински часови.

Creative Hub беше поканет за учесник во категоријата иновативно образование, токму поради иновативната 5П програма која ја нуди на сите млади а вклучува: Програми што одговараат на потребите на пазарот , CEO & експерти во улога на предавачи, Визитинг експерти, Посета на компании и Платена пракса во текот на студирањето. Според истражувањата на Forbes, иднината на образованието е токму во неформалниот сектор во аспект на учење од искуство а праксата е задолжителен елемент за успех.

Аријана и Creative Hub исто така станаа дел и од Алумни клубот и се поканети и на годшните самити во Бостон и Амстердам.

“ Како основач на центар во површински мала земја како Македонија за нас е многу голем успех дека тоа што го правиме го препозна најголемиот магазин за успех Forbes. Самитот беше искуство на кое се надеваме дека во иднина Македонија ќе биде претставена од многу поголем број претприемачи бидејќи имаме многу млади со голем потенцијал ”, изјави Аријана Коскарова. 



Можеби ќе ве интересира

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023