Црна Гора гласа за нов претседател - Ѓукановиќ убеден во победата
Објавено во: Балкан 15 Април, 2018
Граѓаните на Црна Гора денеска по трет пат од нивната независност ќе имаат можност да гласаат на претседателски избори.
За нов претседател на Црна Гора во првиот круг се тркаат седум кандидати, од кои како фаворит се извдојува Мило Ѓукановиќ, со тоа што за прв пат во историјата на оваа земја има и една жена, кандидатка на опозициската СДП, Драгиња Вуксановиќ.
Избирачките места ќе бидат отворени до 20 часот, а гласачко право во Црна Гора имаат 532.599 граѓани. Тие ќе може да гласаат на 1.214 избирачки места.
Ѓукановиќ и неговата партија ДПС се убедени дека ќе издвојат победа уште во првиот круг.