Црна Гора и Албанија со санкции кон Русија
Објавено во: Балкан 05 Ноември, 2019
Албанија и Црна Гора се приклучуваат на одлуката на Европската Унија за продолжување на санкциите кон поединци од Русија и Украина.
Шефицата за надворешни работи на ЕУ Федерика Могерини соопшти дека, покрај Црна Гора и Албанија, на земјите членки на ЕУ се приклучуваат и Норвешка и Украина.
– Кандидатите за членство во ЕУ – Црна Гора и Албанија, членката на Европската економска зона – Норвешка, како и Украина, се приклучуваат на одлуката. Тие ќе обезбедат националните политики да бидат доследни на одлуката. ЕУ ја забележа нивната посветеност и ја поздравува – изјави Могерини.
Причина за овие санкции е анексијата на Крим во 2014. Станува збор за санкции над околу 150 лица од Русија и сепаратистичкиот дел од Украина.