24 Април, 2024
0.0254

ЦРНА ГОРА КАЖА „НЕ“ НА „МИНИ ШЕНГЕН“: Не сакаат да губат енергија

Објавено во: Балкан 12 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Црна Гора не сака да биде дел од „мини Шенген“. 

Министерката за економија Драгица Секулиќ, ја отфрли идејата и можноста земјата да се придружи на балканската верзија на европската Шенген зона која се заговара меѓу Албанија, Србија и Црна Гора со можност да се придружат и други држави.

За Црна Гора тоа би било губење енергија, затоа што нејзината земја веќе ги отворила границите и ги елиминирала трговските бариери со соседите.

Секулиќ вели дека Црна Гора веќе е член на ЦЕФТА, каде членува и Македонија. 

Таа рече дека граѓаните на Црна Гора веќе патуваат со лична карта земјите од регионот освен во Хрватска.

„Факт е дека ние првпат се сретнавме со текстот, како што тие го нарекоа, „акциски план за забрзување на слободниот проток на стока, луѓе, услуги и капитал“, во Охрид на состанокот. Во тој документ нема ништо ново што ние досега веќе не сме го имале во различни декларации и договори. Црна Гора како членка на ЦЕФТА нема отворени прашања со ниту една земја во регионот, особено не со земјите кои се иницијатори на оваа иницијатива, што не е случај со нив меѓусебно. Така да потполно е јасно дека Црна Гора веќе ги отвори своите граници“ – рече Секулиќ.

Секулиќ рече дека Црна Гора ги исполнила сите препораки на Берлинската иницијатива.

Албанија бара Косово да се приклучи, но Приштина е против оваа идеја. Дури имаше иницијатива албанскиот премиер, Еди Рама да се прогласи за непожелна личност. 

Во Македонија имаше препораки внимателно да се пристапи кон иницијативата за „мини Шенген“. 

Екс-премиерот на Албанија, Сали Бериша во интервју за „Експрес“, „мини Шенгенот“ го нарече „голема српска иницијатива против Косово“, преку која се цели кон нејзино опколување не само од Србија, туку и од Албанија, како во 1946 година.

Можеби ќе ве интересира

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

САД ДО СРБИЈА: Ќе мора да се соочите со резолуцијата за Сребреница

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

ПРИСТИГНА ОБДУКЦИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Од што почина братот на убиецот на Данка?

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

НАГЛО ПОСКАПЕ ЗЕМЈИШТЕТО ВО ВОЈВОДИНА: Хектар чини 120.000 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?

ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ: Србија мора да се откаже од Косово?