ЦРНА ГОРА ПОВТОРНО НЕ ЈА СТАВИ МАКЕДОНИЈА НА СПИСОКОТ: Листата ја прошири уште за 10 земји
Објавено во: Балкан 06 Август, 2020
Владата на Црна Гора денеска го прошири списокот за уште 10 држави од кои граѓаните ќе може да влегуваат без никакви ограничувања, но ниту на оваа најнова ревидирана листа не е Македонија.
Според црногорскиот Институт за јавно здравје, како што пренесуваат тамошните медиуми епидемиолошката состојба дозволува од утре државјаните на Азербејџан, Белорусија, Канада, Русија, Украина и на Зимбабве без дополнитени рестрикции да патуваат во Црна Гора.