19 Април, 2024
0.0873

ЦРНИ КОРОНА РЕКОРДИ ВО ЕВРОПА: Омикрон напаѓа се повеќе деца во една соседна земја

Објавено во: Свет 26 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Бугарија вчера пријави рекордни 12.399 нови случаи на коронавирус за еден ден, покажуваат официјалните податоци, при што повеќето случаи се предизвикани од позаразниот вид омикрон.

Бугарија, која вакцинираше помалку од 30 отсто од своите 7 милиони жители, забележа уште 73 смртни случаи во последните 24 часа, јавува Ројтерс.

Во болниците се примени околу 5.300 лица, од кои 692 се на интензивна нега.

Според последните податоци, бројот на заразени од почетокот на пандемијата во Бугарија надмина 903.000, а починале 32.869 лица.

- Неодамнешниот скок на бројот на деца со позитивен тест за коронавирус ги поттикна бугарските власти да размислат за продолжување на еднодневниот одмор на девет дена, почнувајќи од 29 јануари, рече бугарскиот министер за образование.

Над 38 отсто од учениците се префрлија на онлајн настава, додека рестораните, кафулињата и баровите во главниот град Софија од утре ќе треба да работат со 50 отсто капацитет и до 22 часот.

Речиси 40.000 заразени во Чешка

Во Чешка се регистрирани 39.614 нови заразени од Ковид-19 во изминатите 24 часа, што е највисок дневен број од почетокот на пандемијата, покажаа вчера податоците на чешкото Министерство за здравство.

Ова е втор дневен рекорд во последната недела, пренесува Ројтерс.

Претходно во понеделникот беа регистрирани 30.367 нови инфекции во земја со 10,7 милиони жители.

Холандија попушта мерки од денес, и покрај силниот бран на инфекција

Кафулињата и рестораните, како и местата кои нудат културни содржини, ќе бидат отворени до 22 часот, но со рестриктивни мерки како задолжително носење маски и докази за вакцинација.

Исто така, ќе и овозможи на јавноста повторно да учествува во спортски настани како фудбалски натпревари. Мерката за затворање продавници беше укината минатата недела, откако беше наметнато строго затворање на 18 декември. Притисокот врз владата да ги укине рестриктивните мерки бил огромен, пишува „Телеграф“.

Протестираа претприемачите и целиот културен сектор, а градоначалниците побараа укинување на мерките пропишани за рестораните, кои останаа отворени во соседните Германија и Белгија.

Бројот на нови заразени почна рапидно да расте, па според последните податоци во земјата во последните 24 часа се идентификувани 65.000 нови случаи, пренесува Хина. Стапката на инциденца во последните седум дена е речиси 2.000 нови инфекции на 100.000 жители.

Можеби ќе ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ЧОВЕК СЕ ЗАПАЛИ ПРЕД СУДОТ ВО ЊУЈОРК: Ова се случи откако е објавено дека е избрана порота за случајот против Трамп

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

РУСИЈА ГО ШИРИ ВЛИЈАНИЕТО: Владата на Чад се закани дека ќе ги исфрли американските трупи

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ДИРЕКТНИТЕ НАПАДИ МЕЃУ ИЗРАЕЛ И ИРАН ЗАВРШИЈА: Техеран нема да одговори

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

ЕРМEНИЈА ЌЕ ВРАТИ ТЕРИТОРИЈА: Четири села ќе отстапи на Азербејџан

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

МЕДВЕДЕВ: Оние кои го поддржуваат Киев сакаат да го ликвидираат Зеленски

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ИНЦИДЕНТ ВО ПАРИЗ: Маж се закануваше дека ќе се разнесе во иранскиот конзулат

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ПРЕЖИВУВАЊЕТО НА УКРАИНА Е ВАЖНО ЗА САД: Tрамп го смени ставот?

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ВО СЛУЧАЈ НА ВОЗДУШНА ВОЈНА: Клучни информации за способностите на Иран и Израел

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато