Добивај вести на Viber
Црногорскиот завод за вработување од почетокот на годината издаде над 8.000 работни дозволи на странци.
Тоа е, објаснуваат од заводот, последица на неадекватното образование кое го применуваат експертите во земјата без практично искуство.
Во Црногорско туристичко здружение сметаат дека главната причина за бројот на вработени странци е образовниот систем на Црна Гора.
Според Жарко Радуловиќ во Црна Гора поради неадекватно образование, посебно завршено без пракса и искуство во струката црногрските граѓани оперативно не се употребливи.
-Тоа посебно се однесува на менаџментот, како што се шефови на барови, бармени, шефови на ресторани и други.. па затоа работната сила се увезува од странство, објаснува Радуловиќ.
Тој додава дека на работодавците им е многу поскапо да вработуваат странци, отколку цргногорски граѓани, но кога ги нема тогаш стартува вработувањето на луѓе од страна.
Од заводот во минатото препочитаа во време на сезонските вработувања да се ангажира само работна сила од земјата, но и тоа се промени.