25 Април, 2024
0.0717

Црвен Крст – Кисела Вода ја сними песната „Подавај рака“

Објавено во: Мои пари 21 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Според традиционалниот календар на Црвениот крст на РСМ, секоја година од 21 до 27 септември се одбележува “Недела на промоција на хумани вредности”. Целта на неделата е промоција на култура, мир, соживот, толеранција како и поттикнување на активизам помеѓу младите луѓе. Оваа година, ќе се промовираат песни кои се напишани, аранжирани, компонирани и снимени од страна на нашите волонтери. Веќе еден месец младите го поминуваат креативниот процес на пишување преку кој треба да го опишат волонтирањето, помошта во заедницата, промените кои ги прават и добрината која ја шират. Како и останатите Општински Организации, така и ние, ја снимивме песната и истата е веќе објавена на нашиот Youtube канал, Црвен Крст – Кисела Вода, под насловот „Подавај рака“.

Црвениот Крст на Република Северна Македонија Општинска Организација Кисела Вода повторно се вклучува во акција, но овој пат со прекрасна песна преку која овој тим испраќа моќна порака кон целиот Свет.

Музиката е на Рамадан Шукри, аранжманот на Роберт Ангеловски, а текстот е напишан од страна на волонтерите.

Стиховите во песната совршено се совпаѓаат со видео записот, а веселите волонтери со сјај во очите и среќен израз на лицето. Но оваа организација не застанува тука, продолжува напред со нови и уште подобри проекти и предизвици.

Во снимањето на оваа песна и видео запис, вокална изведба се должи на Благица Ѕунѕуровска, Анастасија Илиевска и Македонка Стојановска, додека пак миксот и мастерингот се дело на Христијан Јаневски.


Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет