Црвен метеоаларм на балканот: Невреме ги погоди Србија, БиХ и Хрватска
Објавено во: Балкан 12 Септември, 2017
Вчера силно невреме погоди делови од регионот.
На Србија, БиХ и Хрватска им се закануваа обилни поплави поради обилните дождови долж брегот на Јадранско Море.
Задар беше најпогоден и поплавен, а не поминаа лесно и островот Хвар како и на делови од Јадранската магистрала.
Во Сараево дождот уриваше стебла и носеше покриви а поплавените улици предизвикаа сообраќаен метеж во градот.
Во Нови Пазар невремето донесе град со големина на орев а температурите во соседна Србија додека траеше невремето паднаа за 10 степени од 29 на 19.
Тој бран очигледно зафати и делови од Македонија бидејќи вчера дождови имаше и во Скопје и Охридско-струшкиот и Дебарскиот регион.