19 Април, 2024
0.1023

Црвенковски и Подгоричкиот клуб организираат Регионална конференција „Проширувањето на ЕУ на крстопат“

Објавено во: Мои пари 31 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Во организација на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Северна Македонија г-дин Бранко Црвенковски и Подгоричкиот клуб, на 4ти јуни 2019 година (вторник) во хотел Double Tree by Hilton, Скопје ќе се одржи Регионална конференција „Проширувањето на ЕУ на крстопат“.

Обезбедувањето на поддршка за пристапувањето на земјите од Западниот Балкан кон ЕУ е еден од темелите на политиките на Подгоричкиот клуб, којшто е насочен кон дефинирање на заедничка „Визија за Западниот Балкан до 2030“ и „Нов наратив за Западниот Балкан“.Членови на Подгоричкиот клуб, формиран на 1 февруари 2019 година, се поранешни претседатели и премиери од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Словенија, Србија, Хрватска и Црна Гора.

На конференцијата свое присуство, покрај поранешниот претседател Црвенковски како домаќин, најавија и поранешните претседатели на Албанија Алфред Мојсиу и Реџеп Мејдани, поранешниот претседател на Црна Гора Филип Вујановиќ, поранешниот претседател на Косово Фатмир Сејдиу, поранешната премиерка на Хрватска Јадранка Косор и поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ, поранешниот претседател на Словенија Данило Тирк, поранешниот премиер на Србија Мирко Цветковиќ, како и поранешниот претседавач на Советот на министри на Босна и Херцеговина Златко Лагумџија.

Конференцијата ќе започне со поздравно обраќање од страна на претседателот на Република Северна Македонија, г-дин Стево Пендаровски. Како гости се поканети и амбасадори од земјите членки на ЕУ, како и амбасадори од земјите од каде доаѓаат членовите на Подгоричкиот клуб, претставници од бизнис заедницата и од невладиниот сектор.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија г-дин Зоран Заев ќе организира прием и вечера за членовите на Подгоричкиот клуб на 3 јуни 2019 година, ден пред започнувањето на конференцијата.

На конференцијата ќе биде усвоена заедничка декларација за важноста од донесување на позитивни одлуки на претстојните состаноци на Советот, а која ќе биде упатена до највисоките претставници на Европската унија.

Можеби ќе ве интересира

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер