24 Април, 2024
0.0344

Цукерберг презема вина за грешката на „Фејсбук“

Објавено во: Свет 22 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Основачот на социјалната мрежа „Фејсбук“ Марк Закерберг, призна дека направиле грешка во случајот со компанијата „Кембриџ аналитика“ Поради скандалот поврзан со претседателските избори во САД во 2016 година акциите на „Фејсбук“ забележаа вртоглав пад.

Во јавноста беше откриено дека „Кембриџ аналитика“ (CA), компанија специјализирана за стратешки комуникации, собрала податоци од милиони корисници на „Фејсбук“ без нивна согласност со цел да ги искористи за изработка на софтвер што би овозможил предвидување и влијание врз гласањето на бирачите.

Податоците биле собрани преку апликација за психолошко тестирање која ја презеле 300.000 корисници на социјалната мрежа. Истата била креирана од страна на рускиот психолог Александар Коган, кој потоа неоправдано ги отстапил податоците на компанијата CA. Компанијата ги искористила за изработка на софтвер што би овозможил предвидување и влијание врз гласањето на бирачите .Поради начинот на кој тогаш функционирал „Фејсбук“ како платформа, Коган имал пристап до десетици милиони податоци во врска со фејсбук-пријателите на оние корисници кои преземале тестот. 

Цукерберг во својата објава на „Фејсбук“ напиша дека дошло до прекршување на довербата меѓу „Фејсбук“ и луѓето кои ги споделиле своите податоци со социјалната мрежа.

„Јас го креирав ‘Фејсбук’ и на крајот од денот јас сум одговорен за она што се случува на нашата платформа“, напиша тој.

Цукерберг,  вети дека ќе ги испита сите апликации кои имале пристап до голема количина информации до моментот кога во 2014 година платформата го ограничила пристапот до информации за корисниците.

„Ние имаме одговорност да ги заштитиме вашите информации, а ако не можеме, не заслужуваме да обезбедуваме услуги. Јас работам за да утврдам што точно се случило за да може да преземеме мерки со цел истото да не се повтори. Добрата вест е дека најважните чекори за спречување вакви ситуации веќе се преземени пред неколку години. Сепак, направени се грешки и затоа и во иднина треба напорно да се работи“, напиша сопственикот на „Фејсбук

„Против нашите правила е програмерите да користат податоци без согласност на луѓето, така што веднаш откако бевме информирани ја забранивме апликацијата на Коган и побаравме тој и ‘Кембриџ аналитика’ официјално да потврдат дека ги избришале сите податоци што ги презеле неовластено, при што ги добивме сертификатите кои ги побаравме“, информираше Цукенберг.


Можеби ќе ве интересира

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ЗАГРИЖЕНИ СЕ ЗА КОНФЛИКТОТ ВО ГАЗА: Јамајка ја призна државата Палестина

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница