Цунами уништи цели села во Тонга, а досега има три жртви

Објавено во: Свет 18 Јануари, 2022
Цунами уништи цели села во Тонга. Оваа состојба властите ја нарекоа катастрофа без преседан. Земјата е разорена поради подводна вулканска ерупција, која предизвика цунами. Досега се потврдени три жртви, вклучувајќи и британска државјанка.
„Помалите оддалечени острови се особено лошо погодени. На островот Манго, на кој живеат 50 луѓе, се уништени сите куќи, а на друг се останати само две“, соопшти владата.
Комуникациите со островите кои ја сочинуваат јужнопацифичката држава се нарушени откако ерупцијата сериозно го оштетила единствениот подводен кабел што ја поврзува со остатокот на светот. Интернетот е паднат, а не работат ни некои локални телефонски врски.
Спасувачката операција е попречена од вулканската пепел што паѓа наоколу. Волонтерите ја чистат пистата на главниот аеродром за да се овозможи слетувањето на авионите, кои ја доставуваат неопходната помош во вода за пиење и други залихи. По ерупцијата имаше бранови високи 15 метри.
Можеби ќе ве интересира
„Не знаевме дека одиме во војна“: Рускиот војник кој го заробиле Украинците раскажува ...

Лукашенко: Се формираше нов фронт и ние тоа не можеме да го занемариме

Руски војници на суд признаа дека од Белгород гаѓале цели во Харков

Украина тврди дека во војната загинале 29.600 руски војници

Шолц вели дека Путин не може да ја скрши одбраната на Украина

Русите го заземаат Луганск, илјадници цивили се во опасност да бидат заробени

(ВИДЕО) Се појави снимка од силниот земјотрес во Перу

Има места за криење и постојат сомнежи дека дел од борците од Азов останале во челичарницата

Песков вели дека Украина треба да ја види реалната ситуација, Кисинџер порача Украинците да се откажат од Крим и дел од Донбас
