29 Март, 2024
0.0364

Д-р. Беќаровски: Летово нема настава, а уриваме рекорди во број на новозаразени

Објавено во: Македонија 14 Август, 2020

Добивај вести на Viber

И да не одат во школо средношколците ќе се дружат, пишува во својот пост на ФБ, д-р Нико Беќаровски, директор на Клиниката за токсикологија, напоменувајќи дека во период кога нема настава, во Македонија има рекордни бројки на новозразени со корона вирусот. -Средношколците сигурно ќе изнајдат начин за социјално дружење.

Ако потполно им ги затворите гимназиите, каде делумно, со стриктни протоколи можете да ги контролирате, НЕКОНТРОЛИРАНО ќе се дружат по кафулиња, ноќни клубови, обложувалници, приватни станови паркови...Летово нема настава, а ние рушиме рекорди, нели ???
ПРЕД ДА ДОНЕСЕТЕ ОДЛУКА, размислете колку би Ви бил ПРАЗЕН животот, без спомените од овој период. Необразована младина, без средношколски спомени нема здрава иднина, наведува д-р Бечаровски.

Инаку, во однос на моментално најактуелното прашање, дали од септември ќе почнат да одат учениците во школо, тој вчера даде совршено решение, предлагајќи комбинација од досега предложените модели од страна на Комисијата за здравство.

-Еве еден мој скромен придонес, кој е комбинација од двата модела, кој драстично ќе го подобри квалитет на настава, а на минимум ќе ја редуцира можноста за дисеминација на вирусот.
1. Министерството веднаш ги опремува сите училишта со униформни платформи за on line настава.
2. Сите наставници одат на работа според регуларно направен распоред.
3. Од својата училница држат регуларна настава во траење од 30 минути, која учениците ЗАДОЛЖИТЕЛНО ја следат и активно учествуваат во неа.
4. Меѓу секој час има 15 минути пауза.
5. За сите ученици обезбеден бесплатен НЕОГРАНИЧЕН ИНТЕРНЕТ НА НИВНИТЕ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ.
6. Сите ученици кои немаат можност за следење на наставата преку електронски пат, присуствуваат физички на наставата.
7. На крајот од секое тромесечие, сите ученици од еден клас, поделени во 4 групи во 4 различни термини со физичко присуство имаат писмен тест, писмена работа или усно испрашување од соодветниот наставник.
8. Предметот физичко воспитување, во четири одделни групи се изведува со физичко присуство секоја втора недела.
9. Во сите рурални и градски средини, каде индексот на контаминираност е низок или го нема се одвива регуларна настава.
СЕ ДРУГО ОСВЕН ВАКОВ ИЛИ НЕКОЈ СЛИЧЕН МОДЕЛ Е #JokeOfEducation кое дополнително ќе го руинира веќе руинираниот образовен процес.


Можеби ќе ве интересира

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

„ОВА Е САМО ЕДЕН ПРИМЕР НА НЕОДГОВОРНО, НЕЧЕСНО И ВАЛКАНО ОДНЕСУВАЊЕ“: Петровска ја доби тужбата против Ковачки

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

Курто Дудуш: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ни нудеа само директорски места, затоа отидовме со ДУИ

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

КУЌЕН ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ОД УАПСЕНИТЕ ЗА УБИСТВОТО НА ДОКТОРОТ - прифатено барањето на обвинителите

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата