29 Септември, 2024
0.0268

Д-р Александра Ивановска, директор на Рош Македонија

Д-р Ивановска: Во „Рош“ сме посветени да ја направиме иновацијата достапна за сите пациенти

Објавено во: Македонија 29 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Рош е швајцарска здравствена компанија со долгогодишна традиција. Од основањето пред 125 години и со преку пет генерации на фамилијата, компанијата Рош секогаш имала за цел да го направи светот подобро место за живеење. Здравјето и одржливоста секогаш одат рака под рака. Идејата и првиот чекор за создавање компанија потекнува од Фриц Хофман-Ла Рош кој цврсто верувал  дека индустриското производство на лекови ќе донесе голем напредок во борбата против болестите. Компанијата Рош е основана во Базел, Швајцарија во 1896 година и прерасна во една од водечките светски компании за здравствена заштита. Повеќе од еден век трае потрагата за подобри начини на превенција, дијагноза и лекувањето на болестите, а патот до оваа цел Рош го води преку развивање иновативни лекови, но и мисија да го подобри пристапот до овие лекови за пациентите насекаде низ светот.  Рош 12-та година по ред е препознаена како една од најодржливите компании во фармацевтската индустрија според индексот на одржливост на Дoу Џонс (DJSI). Седиштето на Рош и денес е во Базел, Швајцарија, но компанијата е застапена во повеќе од 100 земји низ светот со над 100000 вработени. Со годишна инвестиција за истражување и развој повисока од која било здравствена компанија, 12,2 милијарди швајцарски франци или 1,4 милиони инвестирани секој час, фокусот останува да се носат медицински иновации кои го менуваат животот, а во исто време истите да го намалат оптоварувањето на здравството и општеството на половина. Во 2020, 23,4 милијарди дијагностички тестови ја помогнаа дијагностиката на милиони луѓе, а 28,9 милиони луѓе се третирани со лековите на Рош.

Оваа година е посветена на Рош, една од најголемите фармацевтски компании којашто токму годинава одбележува 125 години постоење. Како би ја опишале улогата што ја има Рош во современиот свет?

Ивановска: Доколку би се родиле во 1896, очекуваниот животен век би бил 32 години, а доколку би се родиле во 2021, очекуваниот животен век би бил 82 години. Постоиме за да ги поместуваме понатаму границите на животот. Во период од само 125 години, просечниот очекуван животен век е повеќе од дуплиран. Ова е реалност само благодарејќи и на научната љубопитност и на иновацијата. Но, да се живее подолг живот не значи и подобар. Со научниот прогрес доаѓа и нашата одговорност да ја направиме иднината вредна за живеење. Нашиот најголем придонес во општеството е долгорочната иновација, потпирајќи се на одржливи принципи во работата и поставувајќи се партнерски со сите во општеството.

Го славиме животот и ова одбележување на 125 години Рош на некој начин е посветено токму на тие наши заложби. И оваа година, кога Рош одбележува 125 години постоење, целата наша филозофија, перспектива, култура и амбиција се сведува на славење на животот. Ги поместуваме границите кон создавање одржлива, здрава иднина, да го подобриме животот на луѓето во општеството, особено животот на пациентот.


Името на Рош во фармацевтската индустрија и воопшто во здравството се поврзува со иновативност, од каде произлегува тоа и што точно значи?

Ивановска: Иновациите се клучни во развојот на нови и подобри третмански и дијагностички решенија. Рош е водечка биотехнолошка иновативна компанија и наш предизвик е да се создадат решенија кои се најдобри за пациентите. Затоакомпанијата постојано иновира во областа на здравството. Лековите на Рош се значајна иновација во онкологијата, имунологијата, заразните болести, офталмологијата и болестите на централниот нервен систем. Рош е, исто така, светски лидер во ин витро и молекуларно ниво на дијагностика на тумори. Рош направи големи инвестиции во геномското профилирање и собирање податоци во пракса во последниве години и се етаблира како лидер во фармацевтскиот сектор и во овој поглед. Во текот на 125 години, развиени се многу иновативни лекови и дијагностички тестови кои радикално ги променија пристапите во лекувањето и дијагностицирањето на многу болести. 125 години се посветени на грижата за животите на луѓето. Милиони пациенти и нивните семејства имаат корист од лековите кои спасуваат животи и од иновативните пристапи во изминатите години.

Ги прати ли нашата држава иновациите во третманот и дијагностиката на болестите?

Ивановска: Сметам дека нашата држава направи голем исчекор во поглед на достапноста на иновативната терапија за нашите пациенти. За само краток период од неколку години, од 2018 па наваму, се надокнадија повеќе од 10 години стагнација во достапноста на иновативните терапии. Повеќе од 30 нови молекули станаа достапни за малигните, хематолошките, пациентите со мултипла склероза, хемофилија, ретки болести, автоимуни заболувања и други болести, преку условните буџети на клиниките. За да ова остане одржливо, да се овозможи сигурност и континуирана достапност за сите пациенти подеднакво потребно е да ја надоградиме нашата соработка со здравствените власти и уште повеќе да го покажеме нашиот партнерски однос преку сите иновативни механизми кои ги имаме и кои овозможуваат широка достапност на терапија од наша страна, но и усогласена европска легислативна рамка од страна на здравствените власти која би го овозможила тоа.

Имаме добро едуциран и квалитетен здравствен кадар како и добар степен на примена на дигитализација во здравствениот систем. Со уште поголема интеграција на податоците ќе створиме  и услови за воведување нови модели на соработка помеѓу сите чинители во здравството, пациенти, здравствени установи, здравствени власти и компании.

Кои се целите на Рош во Македонија?

Ивановска: Нашата примарна цел е да ги направиме иновативните лекови и дијагностиката достапна за сите пациенти во Република Северна Македонија. Да воспоставиме партнерства со локалниот здравствен систем со цел да ги снабдеме со информации, медицински новости и иновативни производи и иновативни пристапи за лекување на различни болести. На овој начин веруваме дека како иновативна и компанија посветена на животот, ќе придонесеме за забрзување на навлегувањето и примената на нови технологии за македонските граѓани. Информатичките технологии и инфомациската ера во која живееме ја прави достапна секоја глобална информација и тоа во реално време, а ние сме посветени на тоа и самите лекови и терапии да бидат исто толку достапни и за македонските пациенти. Како што добиваат информации за достапноста на лекови во Европа, така да бидат достапни и за нив самите, тука во Македонија, се разбира во најкраткиот можен рок.

Годинава имавме и одлични партнерства со чинители надвор од нашиот традиционален круг на соработници како што е соработка и партнерство со ФИТР, како дел од програмата за корпоративна иновативност. Дел од оваа соработка беше хакатонот за развој на решенија коишто ќе им помогнат на самите пациенти, но и ќе помогнат за подобар и поодржлив здравствен систем во нашата земја. Ова беше прв хакатон со тема здравство и како што очекувавме даде одлични резултати. Друга стратешка иницијатива претставува соработката со Триглав Осигурување во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување, со вклучување на услугите на Foundation Medicine во полисите за осигурување на малигни заболувања. Ова е новитет во доменот на дијагностицирање и одредување на терапија кај пациентите со малигни заболувања. Услугите на Foundation Medicine вклучуваат геномско профилирање на туморот во метастатска и напредна фаза, со цел добивање детални информации, коишто им помагаат на лекарите во креирање на персонализиран терапевтски пристап.

Неодамна се појави информација дека компанијата Рош е вклучена во развој на лекови за инфекцијата со Ковид-19?

Ивановска: Да, станува збор за лек за кој Европската Агенција за Лекови даде зелено светло. Ronapreve кој е развиен од Рош заедно со Regeneron и за којштоКомитетот за лекови за хумана употреба (CHMP) на Европската агенција за лекови (EMA) препорача одобрение од ЕУ за третман и превенција на Ковид-19 кај лица на возраст од 12 години и повозрасни и лекот Actemra за третман на пациенти кои се на кислородна поддршка или респиратор. Истите се веќе достапни и за нашите пациенти, а наскоро очекуваме и одобрување од нашата Агенција за лекови.

Изминатите 2 години, посебно 2020 беше предизвикувачка за сите, новосоздадените услови какви промени предизвикаа кај вас?

Ивановска: Поттикнати од есенцијалната улога што ја имаме во современиот свет, како биотехнолошка компанија истражувавме креативни начини да дејствуваме брзо и да го снабдиме медицинскиот пазар и пациентите. Како индустрија сме предводник во иновациите, а со оглед на фактот дека постојат толку многу и сè уште се појавуваат нови болести за кои немаме лек, работата на фармацевтската индустрија ќе продолжи да биде од суштинско значење и во догледна иднина.

Следејќи ги воопшто промените на современиот живот и плус наметнато од актуелната состојба којашто ја живеевме сите ние, моравме да најдеме модел да бидеме оперативни и безбедни. Така го применивме хибридниот начин на работа, кој ќе остане и како долгорочен модел за работа. Рош Македонија стана една од неколкуте компании во земјава којашто во изминатава година го воведе овој метод на работа, со цел да се исполни растечката потреба за медицинскиот пазар, но, исто така, и да се заштитат вработените. Овој модел на работа овозможува вработените да работат од дома и да не одат секој ден во работните простори, освен кога самите ќе искажат потреба, сите процеси се одвиваат непречено, брзо а можноста за избор кај вработените ја зголемува продуктивноста. Досегашните искуства ги надминаа очекувањата, а истовремено задоволството кај вработените е растечко и пропорционално со продуктивноста.

Пандемијата предизвикана со COVID-19 ни покажа уште повеќе колку истражувањето и новите лекови се битни во медицината и здравствениот систем. Без тие иновации немаше ни да се справиме со истата. Предизвиците само ја забрзаа потребата за иновации, нови лекови и вакцини во рокови кои не сме можеле ни да ги замислиме.


Можеби ќе ве интересира

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОТКРИЕНИ МАНГАН И БАКТЕРИИ ВО СТРУМИЧКИОТ ВОДОВОД - издадена наредба граѓаните да не ја користат водата

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

ОБИД ЗА УБИСТВО НА МАЛОЛЕТНИК: напаѓачот е во притвор - го расекол со скалпел кај вратот

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

„ИЗГРАДБАТА Е СТОПИРАНА“ Љутков: Скопје во 2028 година ќе има Универзална сала - на законски и легален начин

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ЌЕ ГО СЛЕДИМЕ ОТКУПОТ НА ОРИЗ: Трипуновски вети заштита од злоупотреби и манипулација

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

ДЕСЕТТИ ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК ЗА ВРАБОТЕНИТЕ НА „АЛКАЛОИД“: ОКОЛУ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА СОС ДЕТСКО СЕЛО

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„НЕМАЛО ЧАД, САМО ПАРЕА“: патниците ги фатило паника, велат од компанијата која ги превезувала

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

„Гледаме дека претседателот на Собранието има двојни стандарди“: Спасовски за законот за бранители - време е да се затвори ова прашање

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ПРЕТРЕСИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ НИЗ ОХРИД - едно лице зад решетки поради изнуда и лихварство

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: 24 годишно момче од Свети Никола загина во сообраќајна незгода на автопатот Тетово-Скопје