Добивај вести на Viber
Доктор Ненад Лазаров, кој е познат критичар на власта во земјава, како и нејзиниот здравствен систем, особено откако изби ковид пандемијата, вели дека ниту вчера, иако беше веќе петти март, матичните лекари ги немаат добиено парите за декември минатата година.
„Денес е 5ти Март, матичните лекари немаат добиено пари за декември 2020!
За каков систем зборуваме кога примарното здравство е во таква подредена позиција, или треба да им викаме на пациентите денес да дојдат у декември лани? Уа неспособни!“. напиша доктор Ненад Лазаров на својот фејсбук профил.