28 Март, 2024
0.0336

Д-р Нико Беќаровски: Знаете ли каков е душевниот траор во болница?

Објавено во: Македонија 01 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Д-р. Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија, објави емотивен статус на неговиот профил на Фејсбук, опишувајќи го последните обиди на тешко болните од Ковид-19 да дојдат до воздух. Порачува на граѓаните дека не е тешко сето ова да се спречи, само треба сите да бидат одговорни и дисциплинирани.

Ова е неговата објава:

Како доктор кој цели 30 години работи УРГЕНТНА МЕДИЦИНА, смртта постана дел од мојата работа. Во сите овие години бројни човечки судбини и животи згаснувале пред моите очи. Да, и по толку години секое згаснување на човечкиот живот, остава белег во некоја мозочна келија, но и чемер во душата.
Но тоа што не може никогаш да се избрише КОГА ПРЕД ВАШИТЕ ОЧИ ЗГАСНУВА ЖИВОТ, КОЈ СЕ БОРИ ДА ВДИШЕ ВОЗДУХ. На почетокот е потполно свесен, Ве моли да му го зголемите доводот на кислородот, а Вие знаете дека веќе сте го ставиле апаратот на максимум. Ве прободува со исплашен поглед, зениците очајно му се шират, се погласно моли и проколнува за малку кислород. По неколку минути започнува неповрзано да зборува, да вика, да пцуе да испушта разни звуци, мозочната хипооксија го прави своето. Полека започнува да помодрува, да набрекнуваат вратните жили, градниот кош непрекинато се шири и собира, четириесетина пати во минута и оддеднаш МОЛК. Во првиот момент Ви олеснува, бидејќи знаете дека маките на пациентот престанале, но тогаш започнуваат Вашите маки, Вашиот неспокој, кој уште долго ќе Ви го одзема сонот, тие десеттина минути ќе бидат Вашиот постојан НЕМИР.
Драги мои сограѓани, приближно вака згаснува секој фатален исход од НОВИОВ МОНСТРУМ.
Со нашето неодговорно однесување, дозволивме здравствените капацитети да ни се преполнат. Немојте да дозволиме да се доведеме во ситуација кога овие апокалиптични сцени ќе станат наше секојдневие. Добро размислете, дали со Вашето несовесно однесување ќе бидете и Вие сведок, кога некој Ваш близок ќе го поминува овој пекол. А, лузната која ќе Ви остане во душата доживотно ќе Ве прогонува.
А ТОЛКУ ЛЕСНО МОЖЕ ОВОЈ ДУШЕВЕН ТРАОР ДА СЕ СПРЕЧИ !!!!
2 метри дистанца, носење маски каде треба, миење раце, одговорно однесување
Дали е премногу, дали е претешко ????


Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“

„ДОБРО БРЕ ГОВЕДА ЕДНИ“: Миа Костова распали поради измама „Прво лепевте доктори, сега стасав и јас на ред!“