24 Април, 2024
0.0289

Д-Р ШОПОВА ОД ИНФЕКТИВНА: За доброто на народот, г-динот Заев треба да ја прифати оставката на Филипче

Објавено во: Македонија 13 Септември, 2021

Добивај вести на Viber

Доктор Жаклина Шопова од Инфективна клиника има поинаков став од лекарската фела, која побара да не биде прифатена осдтавката на министерот за здравство Венко Филипче. 
Инаку, на веб страницата на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е наведено дека д-р Шопова е в.д. раководител на Одделот за зооантропонози, тропски болести и нејасни фебрилни состојби.
Во целост го пренесуваме фејсбук статусот на д-р Шопова. 
„Ако директорите бараат од премиерот да остане Филипче, јас ќе се потрудам да го кажам спротивното:

1.Велите : пандемијата трае, болниците се преполни...ЗОШТО!?

Заради Венко и неговата/ вашата неспособност за менаџирање.

2.1112 пациенти со тешка кл.слика се лекуваат, 30 пациенти се на респиратор (само не кажувате на кои респиротори - тие што требаше да ги добиеме, да ги набави Венко или ...),

700 пациенти се на кислородна подршка со маска.ЗОШТО !?

Заради Венко и сите вас кои не ги подготвивте и не ги дистрибуравте протоколите за третман на секое ниво во здравството низ целата република, бидејќи не направивте план за белиот мантил, бидејќи преку ноќ ги претварате болниците во ковид центри, бидејќи им го одземавте со закон загарантораното право на сите останати пациенти со други и хронични болести да се лекуваат во јавното здравство, па мораа на сопствен трошок да се лекуваат по приватните болници.

Ќе ве прашам, бидејќи горе го имате одговорот: За каков систем зборубате за кој столб во здравството зборувате? ... ако сте тоа вие и Филипче тогаш оддамнаа требаше да се повлечете!

Го споменувате слоганот ‚Слушај го Венко' кој го користевте и користите за политички маркетинг на Венко, на вас, како што ги користевте здравствените работници кои ги нарекувавте херои ...

Велите дека дигнитетот на професијата лекар е вратена со што:

- со билбордите кои без дозвола на лекарите ги објавувавте се со цел да си го зголемите рејтингот

- со одлевање на здравствените работници, медицинските сестри по приватните болници заради вашата добра здравствена политика...па и со нив се фотографирафте за да ги прикрие Венко своите и вашите неспособности за менаџирање !?

Лекарите не ги добија ветените 100.000 денари. Не ги добија 5 отсто зголемување на плата за девет месеци, им ги оддземавте год.одмори за една година...не добија многу од ветувањата на Венко, но тоа е...

НИЕ: Лекарите, медицинските сестри, лаборантите, болничарите, хигиеничарите, сервирките, администрстивните работници како и се што е во сектор здравство иако сме деградирани од ВАС продолживме и се уште сме со нашите пациенти, се бориме во услови такви какви сте ни обезбедиле, за секој човечки живот секое деноноќие...

И на крај велите руинираното здравство го подигнал Венко, Вие!?

Дали тоа се модуларните болници кои наместо по светски стандарди за што земавте кредит ги изградивте по стандарди Заев- Филипче-Анѓушев !?

Дали е сега јасно зошто задоцнетата оставка на Филипче, која ви ги доведе во прашање и вашите директорски места треба и со вашето и без вашето писмо, и без директивите за зголемувањето на рејтингот на Филипче по социјакните мрежи, со постирање на неговата слика како профилна слика на статусите ( можеби за да се оддолжите за вработување унапредување или сл.  што ви ја обезбедил Филипче)

г- динот Зоран Заев ТРЕБА ДА ЈА ПРИФАТИ за доброто на народот!!!“, пишува д-р. Жаклина Шопова на својот фејсбук профил. 

Можеби ќе ве интересира

„И КОГА ГУБЕА, ЈАС БЕВ ТАМУ, СЕГА СУМ ДОМА“ - реакција на Нора Шаќири по изборите

„И КОГА ГУБЕА, ЈАС БЕВ ТАМУ, СЕГА СУМ ДОМА“ - реакција на Нора Шаќири по изборите

„ЗА СЕКТА, СЕКТАШКИ РЕЗУЛТАТ“: Се огласи и Боки 13

„ЗА СЕКТА, СЕКТАШКИ РЕЗУЛТАТ“: Се огласи и Боки 13

Бујар Османи прогласи победа во Тетово и Гостивар

Бујар Османи прогласи победа во Тетово и Гостивар

НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ВЕАТ ЗНАМИЊА НА ВМРО-ДПМНЕ: Со автомобили и свирежи симпатизерите ја слават победата на Давкова

НИЗ СКОПСКИТЕ УЛИЦИ СЕ ВЕАТ ЗНАМИЊА НА ВМРО-ДПМНЕ: Со автомобили и свирежи симпатизерите ја слават победата на Давкова

„ОВА ОДНАПРЕД ЗАВРШУВАЊЕ НА ТРКАТА ГО СМЕТАМ ЗА ПРЕУРАНЕТО“ - Ванковска вели дека тоа ја убива волјата на граѓаните

„ОВА ОДНАПРЕД ЗАВРШУВАЊЕ НА ТРКАТА ГО СМЕТАМ ЗА ПРЕУРАНЕТО“ - Ванковска вели дека тоа ја убива волјата на граѓаните

Драган Ковачки му се заблагодари на Истокот

Драган Ковачки му се заблагодари на Истокот

Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ - 360 степени објави видео

Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ - 360 степени објави видео

ВМРО-ДПМНЕ ВЕЌЕ НАГОЛЕМО СЛАВИ: Поддржувачите во Гази Баба скандираа и палеа бакљи

ВМРО-ДПМНЕ ВЕЌЕ НАГОЛЕМО СЛАВИ: Поддржувачите во Гази Баба скандираа и палеа бакљи

ДАВКОВА ЌЕ ИМА ОБРАЌАЊЕ ВО 22 ЧАСОТ - според ВМРО-ДПМНЕ таа води со 130 илјади гласа пред Пендаровски

ДАВКОВА ЌЕ ИМА ОБРАЌАЊЕ ВО 22 ЧАСОТ - според ВМРО-ДПМНЕ таа води со 130 илјади гласа пред Пендаровски