Д-р. Стојанов: И млади луѓе, спортисти, без коморбидитети, можат да завршат на респиратор, зошто - нема докази
Објавено во: Македонија 09 Август, 2020
Младите велат „мене ништо не ми е, тоа се случува на некој друг“, но факт е дека заболуваат од ковид-19 и завршуваат во болница, не се сите тешки случаи, почесто се полесни, но тие што ќе завршат на респиратор имаат голем проблем, вели доктор Александар Стојанов, директор на Центар за јавно здравје Скопје во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
„Зошто е тоа така, не можам да ви кажам. Нема ниту еден валиден доказ моментално зошто е тоа така, дури и кај луѓе кои немаат коморбидитети, односно дури и кај спортисти луѓе, се јавуваат такви нагли состојби во здравствената состојба“, вели Стојанов.
Според некои статистики или предвидувања од СЗО, барем 20 отсто од наелението треба да е вакцинирано, имунизирано од инфлуенца, за да не се случи епидемија, вели д-р Стојанов.
„Ние, 40 до 50 илјади вакцини на два милиони, тоа е мала бројка, ако вакцинираме два, три до пет отсто. Кај населнието има отпор кон вакцинирање.
Наесен, покрај ковид, ќе го имаме и сезонскиот грип. Оваа година ќе се трудиме да обезбедиме што повеќе вакцини против сезонски грип - барем за постарите, трудниците, деца до пет години, хронично болни, се со цел, барем да го заштитиме она што можеме, за да имаме помалку работа со грипот, и да остане повеќе можност за борба со ковидот. Како ќе биде ќе видиме“, вели директорот на Центарот за јавно здравје.